25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурскиот тек напредува, поставени 48 проценти од цевките

Турскиот тек напредува, поставени 48 проценти од цевките

Поставени се 884 км или 48 проценти цевки за подморскиот дел од гасоводот Турски тек, соопшти операторот на овој проект.

„За две линии на гасоводот, вкупно се поставени 884 километри, што е околу 48 проценти од подморскиот дел од гасоводот“, се наведува во соопштението на опраторот, пренесува руската агенција Тас.

Со проектот Турски тек предвидена е изградба на гасовод преку Црното море до европскиот дел на Турција и понатака до границата со Грција.

Должината на подморскиот дел од гасоводот е 910 км, додека копнениот дел е долг 180 км.

Првата линија од гасоводот е наменета за снабдување со гас на турскиот пазар, а втората за испорака на гас на јужна и југоисточна Европа.

Секој крак од гасоводот ќе има капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП