24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКој е број 1 во светот на пикапите?

Кој е број 1 во светот на пикапите?

Овој пазар е конзервативен, но исто така многу интересен

Освен во САД, пикап возилата претставуваат еден малку посебен дел од пазарот на автомобили и малкумина се оние кои ги сметаат за „лајфстајл“ возила, повеќето луѓе ги прифаќаат и експлоатираат како товарни машини. Но, тоа не значи дека овој конзервативен пазар е мал, туку напротив.

Лидерот во светската листа на рангирање според продажбата – „F-Series на Ford“, постигнал над 1 милион продажби за минатата година, природно, главно во САД и „F-150“ е најпопуларниот модел на овој пазар. Со 1.075.434 продадени примероци за 2017-та година, „F-Series“ постигнува раст од 8,6% во споредба за 2016-та и успева да ја зголеми предноста пред вториот на табелата.

А Топ 3 се дополнува со другите популарни модели во Америка – второто место го зазема „Chevrolet Silverado“ (661.198 возила и раст од 3,6%) и „Ram pick-up“ (600.896 продадени единици и раст од 3,9%). Четвртата позиција ја зазема „Toyota Hilux“ со малку над половина милион продадени возила за минатата година и пад од 5,4%, а Топ 5 се дополнува со уште еден американски модел – „GMC Sierra“ со 288.376 продажби и раст од 1,8%.

Останатите модели во Топ 10, исто така ги должат успесите во голема мера на американскиот пазар: шестото место за „Isuzu D-Max“ (262.045 продажби, пад за 13,6%), седмото е за „Ford Ranger“ (259.312 единици, раст од 7,8 %), осмото оди кај „Toyota Tacoma“ (218.788 возила, раст од 2,7%), деветти е „Chevrolet Colorado“ (145.773 продажби, раст од 9,5%) и и на последното место меѓу првите десет е масивниот „Toyota Tundra“ (127.508 примероци и пад од 0,7% во продажбата).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП