24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на збирката раскази „Животот е… убав“

Промоција на збирката раскази „Животот е… убав“

Во „Литературно кафе Метаноја“ („Максим Горки“ 19) денес со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Животот е… убав“ од Коста Милков во издание на „Метаноја“.

Воведен збор ќе има директорката на „Метаноја“, Нада Милкова. Книгата ќе ја промовираат Оливера Ќорвезироска и Владимир Мартиновски. Избор од расказите ќе читаат Ана Голејшка и Ѓоко Здравевски. Промоцијата ќе биде збогатена со музички илустрации од Драган Даутовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП