19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев: Има добар предлог за транспортерите на „Фени“

Анѓушев: Има добар предлог за транспортерите на „Фени“

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека транспортерите на „Фени“ и закупецот на комбинатот, швајцарската компанија „Џи Сол“, ќе успеат да најдат заедничко решение за да продолжи работата во фабриката.

Транспортерите ангажирани од фирмата „Нова логистик“ утрово со камиони го блокираа патот Градско-Прилеп и најавија дека нема да дозволат рестартирање на фабриката без да им се исплатат долговите.

„Мислам дека има добар предлог за транспортерите и дека и тие како и вработените ќе бидат обесштетени и ќе се договорат да продолжат да работат. Владата не може да ги води преговорите, туку ‘Џи Сол’ како инвеститор и транспортерите како засегната страна. Ние сме тука да ги охрабриме да направат договор и ќе направиме сè што е во наша моќ“, рече вицепремиерот Анѓушев по потпишувањето договор за државна помош со компанијата ВИК во Владата.

Анѓушев повтори дека Владата не го води процесот и не е во состојба да прифаќа или да одбива понуди во врска со комбинатот. Најави поддршка на онаа компанија што ќе ги плати сите долгови на фабриката, а за неа ќе одлучат одборот на доверители, собранието на доверители, стечајниот управител и стечајниот судија во стечајната постапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП