23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот на Јапонија ја забележа најдолгата експанзија од пред 30 години

Извозот на Јапонија ја забележа најдолгата експанзија од пред 30 години

Извозот на Јапонија расте за 14-ти месец по ред, благодарение на сериозното раздвижување кај хибридните автомобили и полупроводниците, соопштува „Ројтерс“.

Ова и помага на земјата да стигне до најдолгата експанзија од речиси 30 години со осмиот по ред квартал на раст. Конечните податоци за јануари се подразбира за силното глобална побарувачка на јапонски стоки што продолжува да го поддржува растот на третата најголема економија во светот.

Извозот на земјата расте со 12,2% до 6,086 илјади милијарди јени во јануари во однос на една година порано при зголемување од 9,3% во претходниот месец, станува јасно од податоците на Министерството за финансии. Економистите анкетирани од „Ројтерс“, очекуваа извозот да забележи раст од 10,3%. За целата минатата година Јапонија извезе стока во вкупна вредност од 78,291 милијарди јени, што е за 11,8% повеќе од 2016-та година.

Трговското салдо на Јапонија достигна дефицит од 943,4 милијарди јени (8,87 милијарди долари) спрема просечната оценка за дефицит од 1.000 милијарди јени. Ова е прв трговски дефицит на земјата за осум месеци.

Економистите сметаат дека извозот ќе продолжи да расте во наредните месеци, воден од пребарувањето на производи поврзани со полупроводници, кои беа меѓу најбараните стоки однадвор во 2017-та година.

Аналитичарите, сепак се претпазливи во однос на зголемениот јен, како и за евентуалните ефекти врз извозот на автомобили и други производи од Јапонија како последица на политиката на САД.

Силниот јен би имал негативно влијание врз добивката на јапонските извозници и може да и наштети на економијата. Според истражувањето на „Ројтерс“ токму поскапувањето јенот е виновно за значителното поткопување на бизнис довербата меѓу јапонските производители во февруари во однос на јануари.

Податоците покажуваат дека извозот на Јапонија кон најголемиот нејзин трговски партнер Кина отскокнува со 30,8% на годишна основа. Најголем придонес за значителното зголемување имаат полупроводниците, автомобилските мотори и хибридните автомобили.

Генерално извезените стоки за азискиот пазар, кој сочинува половина од извозот на земјата, се зголемуваат за 16% во јануари.

Извозот на Јапонија за САД сепак се зголемува за 1,2% на годишна основа во текот на првиот месец од 2018-та година, но испораките на автомобили се намалува за 3,9%. За споредба, во декември, американскиот раст се зголеми за 3% во декември. Во исто време трговскиот суфицит со САД се намалува со 12,3% во јануари на годишно ниво до 349,6 милијарди јени, што е втор по ред месец на пад.

Вкупниот увоз во земјата на изгрејсонцето се зголемува со 7,9% во јануари до 7,029 илјади милијарди јени на очекувања од 8,3%. Увозот во Јапонија се зголемува за 13-ти месец по ред, тоа е знак за подобрување на домашната побарувачка, кој покажува дека Јапонската централна банка забележува напредок во напорите за постигнување на независно економско заздравување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП