25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel го претстави Combo Life зa 2019-та (фото+видео)

Opel го претстави Combo Life зa 2019-та (фото+видео)

Претставен е и вториот од најавените 3 сродни модели на групацијата „PSA“ – „Opel Combo Life“, кој ја дели механичката платформа со „Citroen Berlingo“ зa 2019-та и новиот „Peugeot Partner“, кој допрва ќе има премиера.

Очекувано, „Combo Life“ визуелно се разликува од моделот на „Citroen“ според дизајно на предниот дел – маската на ладилникот, фаровите, браникот, додека остатокот на каросеријата на возилото е практично идентична како кај „Berlingо“.

Покрај верзијата на „Opel“, „Combo Life“ за британскиот пазар ќе го добие знакот на брендот „Vauxhall“ и волан на десната страна.

Исто како и „Berlingо“, возилото ќе се изработува во две верзии – пократка од 4,4 m и подолга од 4,75 m.

Помалата верзија ќе има место за 5 патници, додека подолгиот модел ќе може да се нарача во избор со 5 или 7 седишта (распоредени во 3 реда).

Во кабината се наоѓа централно поставен 8 инчен екран од мултимедијалниот систем, кој како таблет доминира на врвот на централната конзола.

Системот е опремен со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ функциите за поврзување со смартфон уреди. Покрај тоа, на располагање е бежичен полнач на паметен телефон, 230-волтен приклучок и „USB“ приклучоци.

Во зависност од нивото на опрема, „Combo Life“ може да биде опремен со греење на кожниот волан, греење на предните седишта, „head-up“ дисплеј, систам од задна камера која покрива 180 степени и бројни други опции, меѓу кои се и различни системи за асистенции (уред за препознавање на сообраќајните знаци, асистенција за одржување на автомобилот во рамките на возната лента, адаптивен темпомат, систем за предупредување и деконцентрација на возачот, напреден систем за помош при паркирање…).

Кога станува збор за функционалноста, минималниот капацитет на багажникот е 597 литри, во пократката верзија на возилото, а 850 литри во подолгата (во конфигурација со 5 седишта).

Во понудата ќе се најде палета на бензински и дизел мотори (засега не се прецизирани деталите), поврзани со петбрзински или шестбрзински мануелни менувачи, но и осумстепен автоматик, кој ќе биде достапен во неколку верзии на овој модел.

Книгата за нарачки за „Opel Combo Life“ ќе биде отворена во првата половина од годината, додека испораките се очекуваат во втората половина од 2018-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП