20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕТасманиска вила од соништата (фото)

Тасманиска вила од соништата (фото)

Ако некогаш сте сонувале за живот на некоја егзотична дестинација, вилата која денес ви ја претставуваме, се наоѓа во Тасманија и може да биде вашиот нов дом…

Наречена „Stoke House“, оваа шармантна вила чини 5,7 милиони долари, што е реално вистинска ситница за сето она што таа го нуди. Оваа грандиозна вила е изградена во 1887 година од квалитетни материјали, увезени од Англија и Шкотска, а како што можеме да забележиме, на самата изградба не се штедело.

Оваа вила има дваесет соби и три нивоа и изгледа грандиозно токму онолку колку што замислувавте благодарение на реставрацијата која ја објаснува нејзината цена. Ви нуди површина од околу 1.025 вадратни метри, а поседува девет спални соби, шест бањи, единаесет камини, подрум, електрична капија и гаража за три автомобили.

Како една од најспектакуларните вили на Тасманија, таа има и 4.000 квадратни метри прекрасно уредени градини. Нејзниот дел исто така го сочинуваат голема дневна соба и кујна на приземјето. На второто ниво се наоѓаат најголем дел од спалните соби, како и неколку бањи, галерија и мала кујна, додека на третото ниво се наоѓаат две спални соби, бања, како и пристап до кулата и кровот.

Покрај сето тоа, оваа елегантна вила поседува и некои оригинални архитектонски детали, вклучувајќи италијански мозаички плочки, рачно изработени дрвени камини, Waterford лусер, рачно изработени скалила и уште многу нешта. Исто така, вреди да се напомене дека во склоп на оваа вила се наоѓа и балската сала, орнаментните плафони и прозори, како и месинганите детали.

Во екстериерот, реставрираните градини се исполнети со овошја, ароматично и декоративно цвеќе, како и стебла за малите посетители кои ветуваат добра забва. Дали вие би го прифатиле предизвикот да се преселите во овој уникатен дел од светот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП