25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba и Tencent водат агресивна битка за сојузници во трговијата на мало

Alibaba и Tencent водат агресивна битка за сојузници во трговијата на мало

Кинеските технолошки гиганти „Alibaba Group Holding“ и „Tencent Holdings“ кои имаат вкупна пазарна вредност, еднаква на 1.000 милијарди долари, не запираат со серијата од инвестиции во трговијата на мало, принудувајќи ги трговците да избираат која страна да ја заземаат во позадина на битката за дигиталните паричници на купувачите, пренесува „Ројтерс“.

Од почетокот на минатата година до денес двете компании потрошиле над 10 милијарди долари за трансакции фокусирани на трговијата на мало, со што го поттикнуваат онлајн присуство и нивните физички продавници.

Агресивниот пристап, поддржан од солиден капитал и зголемувањето на цените на акциите е дел од битката за освојување на потрошувачите и операторите на продавници, кои уживаат конкурентните услуги на двете компании.

Резултатот: остануваат сè помалку компании кои не се на страната на „Tencent“ или „Alibaba“.

„Сите трговци со физички продавници се многу загрижени. Тие треба да заземат страна“, коментира Јасон Ју, генерален менаџер на компанијата за истражување на пазарот „Kantar Worldpanel“. „Инаку се плашат дека ќе бидат обземени во иднина“.

„Alibaba“ е најголемиот кинески играч во областа на електронската трговија, а нејзиниот партнер „Ant Financial“ е лидер во услугите за мобилни плаќања. Предностите на „Tencent“ се наоѓаат во социјалните мрежи, дигиталните плаќања и игри. Освен тоа таа има мнозински удел во вториот по големина интернет оператор за електронска трговија „JD.com“.

„Tencent“ и „JD.com“ имаат поголем број сојузници, вклучувајќи ја француската „Carrefour“, која најави дека може да добие потенцијална инвестиција од „Tencent“, како и американскиот гигант „Walmart“, кој има удел во „JD.com“.

Освен тоа „Tencent“ купи удел во „Younghui Superstores“, во „Vishop Holdings“ и „Heilan Home“, во операторот на трговски центри „Wanda Commercial“, а неодамна склучи договор и со „Bubugao“.

Од своја страна, „Alibaba“ инвестира поактивно во „Suning.com“, „Intime Retail“, „Sanjang Shopping Club“, „Lianhua Supermarket“, „Wanda Film“ и „Easyhome“.

Клучот за битката е кинескиот пазар за плаќања од 13 илјади милијарди долари. На него „Alibaba“ и „Tencent“ се рамо до рамо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП