28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗОИ 2018: Колку чинат Олимписките медали во Пјонгчанг? (фото+видео)

ЗОИ 2018: Колку чинат Олимписките медали во Пјонгчанг? (фото+видео)

Од емоционална гледна точка, олимпискиот медал може да биде непроценлив. Кој би можел да ја одреди цената на долготрајните напори што мора да му се припишат на спортистот за да ја има честа да се искачи на пиедесталот?

Овие денови речиси 3.000 спортисти се натпреваруваат на Зимските олимписки игри што се одржуваат во јужнокорејскиот град Пјонгчанг. Оние со најдобри резултати се наградени со медал на вратот, што може да ги оправда сите напори.

Од економска гледна точка, сепак вредноста на секој медал зависи од пазарните правила, при што се земаат предвид од трошоците за употребените материјали при производството до патот на спортистот и контекстот на Олимписките игри, во кој го заработил, пишува „ВВС Mundo“.

На пример, во 2013-та година, рекордни 1,47 милиони долари беа платени за една од четирите медали што Џеси Овенс ги освои во 1936-та година на Олимпијадата во Берлин.

Овој спортист беше најмногу наградувани на игрите, а неговото афроамериканско потекло нанесе тежок удар на теоријата за супериорноста на ариевската раса, прокламираната од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Повеќе сребро, отколку злато

За Олимписките игри во Пјонгјанг, организаторите наредија производство на 259 комплети медали. Сите имаат исти димензии – дијаметар од 92,5 мм, но нивната тежина во грамови варира – 586 за златните медали, 580 за сребрените и 493 за бронзените.

Дополнителните шест грама на златните медали во однос сребрените се всушност најголемата разлика, бидејќи и двата вида медали се направени од чисто сребро, но првите се позлатени.

Последен пат кога златните медали беа направени од овој метал, тоа беше на Олимписките игри во Стокхолм во 1912-та година. Оттогаш, нивниот состав варира. Според сегашните правила на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), секој златен медал мора да содржи најмалку шест грама злато од 24 карати.

Која е разликата во цената за медал?

Според сегашните цени на златото, кои се околу 42 долари по грам, само покривањето на златниот медал чини околу 252 долари. На тоа треба да се додадат околу 307 долари за содржината на сребро, кое се тргува за околу 0,53 долари за грам.

Тоа значи дека секој златен медал ќе чини околу 559 долари, а секој сребрен медал – околу 307 долари. Што се однесува до бронзениот медал, неговиот состав е 90% бакар и 10% цинк, па затоа неговата материјална вредност е мала.

Корејски бренд

При производството на медалите освен потребните метали организаторите на Олимписките игри секогаш се обидуваат да вклучат некои карактеристични елементи кои потсетуваат на вредностите и симболите поврзани со земјата домаќин.

Во случајот со медалите во Пјонгчанг тие се дело на јужнокорејскиот дизајнер Ли Сук-во, кој вградил некои од согласите на корејската азбука Хангал, како врска со културата на земјата и како симбол на напорите на спортистите кои учествуваат на игрите.

Дизајнот е инспириран од вкочанетоста на стеблото на дрвото, а предниот дел ги прикажува олимписките кругови. Во внатрешноста се прикажани дисциплината во која се натпреварува спортистот и логото Pongchang 2018.

Лентата на која се обесени медалите исто така е карактеристична. Изработена од типична јужнокорејска ткаенина која е лесна и со висок квалитет.

Колку од историски контекст, лесно е да се замисли дека овие медали можат да чинат многу повеќе во иднина, ако приближување по повод Олимписките игри меѓу Јужна и Северна Кореја се покаже нешто повеќе од пријателски гест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП