25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобриот сојузник во диетите кој воедно го чува и вашето здравје

Најдобриот сојузник во диетите кој воедно го чува и вашето здравје

Јогуртот содржи протеини кои ја зголемуваат силата и калциум кој ги зајакнува коските. Чашка јогурт дневно ве држи подалеку од докторите, но тој има и уште една многу важна функција: Помага во губењето на вишокот килограми. Прочитајте зошто јогуртот е најдобриот сојузник на патот до идеална линија.

Здравата и избалансирана храна обезбедува поголема отпорност кон болестите, а со редовно внесување на ферментирани производи кои содржат пробиотици, може да се воспостави правилна работа на организмот, а со самото тоа ќе се избегне и проблемот со дебелината, кој последните неколку години ги погодува сите жители ширум светот. Јогуртот со пробоиотици е најдобар начин преку уживање во вкусот на омилената храна да го забрзате својот метаболизам.

Кој пие јогурт има порамен стомак

Само 500 грама јогурт дневно може да ви помогне да ги облечете омилените панталони. Луѓето кои во текот на својата диета секојдневно консумирале јогурт со умерена рестрикција на калории, загубиле 22 отсто повеќе килограми. И не само тоа, имале за 81 отсто порамен стомак, од луѓето кои не консумирале јогурт за време на диета, покажале резултати од истражување на Универзитет во Тенеси. Мастите кои ни отежнуваат да имаме рамен стомак се главен произведувач на кортизол, хормон на стрес кој прави да се прејадуваме. Штом ќе се напиете чашка јогурт, калциумот сигнализира мастите да почнат со исфрлување на кортизол, со што се олеснува губењето на килограми.

Метаболизам кој работи како швајцарски часовник

Функционалниот јогурт содржи пробиотици, корисни бактерии кои живеат во дигестивниот тракт и кои помагаат во гушењето на штетни микроорганизми, кои можат да предизвикаат бројни инфекции на цревата. Покрај тоа што го зајакнува имунитетот, јогуртот го регулира и варењето, што е од клучно значење за губењето на килограми и за активен метаболизам.

После тренинг сте како нови

Со идеален однос на протеини и јаглен хидрати, јогуртот е одлична храна која би требало да ја консумирате после тренинг. Совршено време за консумирање на јогурт е во рок од 60 минути после вежбање. Зошто е тоа така? Протеините обезбедуваат аминокиселини кои мускулите мораат да ги надоместат, а јаглен хидратите ги заменуваат резервите на енергија кои се исцрпени после напорен тренинг. Исто така, протеините во јогуртот ја зголемуваат количината на вода која ја апсорбираат цревата, на тој начин подобрувајќи ја хидратацијата.

Кажете им збогум на „водените“ килограми

Дури 70 проценти од луѓето консумираат повеќе од двојно од препорачаната доза на сол на дневно ниво, што освен до вишок килограми со тек на време доведува и до хипертензија, како и болести на бубрезите и срцето. Калиумот во јогуртот, речиси 600 милиграми на 220 грама можат да помогнат во елиминацијата на натриумот од вашето тело. Освен што тоа автоматски го подобрува вашиот крвен притисок, спречува и надуеност, но и го поттикнува губењето на вишокот вода од организмот, поточно оние килограми кои се создаваат преку ноќ на вагата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП