28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈубилејно по 25 пат се одржува Копаоник бизнис форум

Јубилејно по 25 пат се одржува Копаоник бизнис форум

Јубилејниот 25ти по ред „Копаоник бизнис форум“ ќе се одржи од 4 до 7 март во хотелот „Гранд“ на Копаоник. Досега присуството го потврдија преку 1000 учесници, меѓу кои повеќе министри од Владата на Република Србија, гувернерот на Народна банка и претседателот на Фискалниот совет. Учеството на форумот на српската премиерка Ана Брнабиќ е потвредно во рамките на третиот ден од форумот.

Тема на годинашниот форум е „Што по фискална консолидација: Како да се претвори фискалната стабилност преку мерки на економска политика во одржлив раст и развој?“

И оваа година на едно место ќе бидат собрани сите значајни имиња од светската економија. Во рамките на неколкуте денови колку што се одржува форумот ќе се претстават преку 120-тина говорници на различни теми врзани со бизнис сферата, меѓу кои и еден од најуспешните македонски бизнисмени, мнозинскиот сопственик на М6 Инвесмент груп и претседател на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Тој ќе биде говорник вториот ден од форумот во рамките на Панел 3 на тема „Западен Балкан – предизвици: Регионална економска област“.\

Во текот на 4те денови ќе учествуваат високи државни функционери и влијателни бизнис лидери. Учеството го потврдија претставници од Владата на Србија, домашни и странски стопанственици во сферата на банкарството, осигурувањето, респектибилни професори, извршни директори на големите мобилни оператори во регинов, светски познати новинари… На форумот исто така ќе бидат присутни и амбасадори, дипломати, економски аналитичари, теоретичари, меѓународни експерти, како и претставници од медиумите.

Меѓу останатите, учество ќе земат и Линда Ван Гелдер, регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, како и Питер Санфи, заменик директор за економија и политика за земјите при Европска банка за обнова и развој.

Првпат на форумот ќе земе учество и Пол Томсен, директор на канцеларијата МMF за Европа и Шарлот Рух, директор на EBRD за Централна и Источна Европа.

Во рамките на официјалниот дел од програмата ќе земат учество и Томас Лубек, регионален менаџер на Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за Западен Балкан, Дубравка Негре, шеф на Регионалното претставништво на Европската инвестициона банка за Западен Балкан (EIB) и Артур Туремка, генералниот директор на Mastercard компанијата за Балкан.

www.kopaonikbusinessforum.rs

Копаоник бизнис форумот во партерство со Mastercard, традиционално е во организација на Сојузот на економисти на Србија и Здружението на корпоративни директори на Србија и е под покровителство на Владата на Република Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП