25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Citroen Berlingo Multispace зa 2019-та (фото+видео)

Премиера: Citroen Berlingo Multispace зa 2019-та (фото+видео)

Досега „Citroen Berlingo“ често беше достапен автомобил, користен претежно за превоз на стока со помали димензии и тежина. Третата генерација на моделот, сепак, ќе ја промени оваа дефиниција, бидејќи сега изгледа како модерен кросовер.

Моделот е изградена на модуларната платформа „EMP2“, која е во основата и на двајцата негови „браќа“ – „Peugeot Partner“ и „Opel Combo“. Треба да се напомене дека на изглед токму „Berlingo“ е атрактивен, најмногу поради оптиката и заштитните елементи „Airbump“ по долниот дел на каросеријата.

Од својот претходник „Berlingo“ се разликува не само во дизајнот, но и по зголемените габарити, по намалениот радиус на кривини. Моделот исто така ќе биде достапен во проширена патничка модификација „XL“.

Стандардна должина на верзијата е 4.400 mm, а ова возило е наменето за пет патници. Волуменот на багажникот е зголемен за 100 литри и веќе достигнува 775 литри. Модификација „XL“ е 4.750 mm, со две седишта во багажникот кои се добиваат со доплата. Во овој случај, задниот ред може да се движи напред за 130 mm.

Новиот „Citroen Berlingo“ ќе се појави на пазарот со бензински 1,2-литарски турбомотор кој развива 110 или 130 КС, како и со 1,5-литарски турбодизел во 3 варијанти на моќност – 75, 110 и 130 КС. Менувачите се рачен со 6 брзини или 8-степен автоматски менувач.

Во опремата на моделот веќе влегуваат адаптивен круз-контрол, систем за следење на „слепите“ зони, систем за контрола на лентата на движење со функција за препознавање на патните знаци, електронски асистент за тргнување на нагорнина, посебен систем за влечење на приколка, безкабелно полнач за паметни телефони, двозонска клима и модерен мултимедијален систем.

Автомобилот ќе биде официјално претставен на саемот во Женева во почетокот на март. Неговата продажба во Европа започнува во почетокот на април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП