29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на доларот - тоне во однос на другите валути

Остар пад на доларот – тоне во однос на другите валути

На светските валутни пазари доларот минатата недела остро падна, па неговата вредност во однос на кошницата валути се лизна на најниското ниво за последните три години.

Тоа е последица од загриженоста на инвеститорите поради растот на дефицитот во САД.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела падна за 1,5 проценти на 89,10 поени, а во еден момент нурна и на 88,253 поени, најниското ниво од декември 2014 година.

Притоа цената на американската валута во однос на јапонската потона за 2,4 проценти, на 106,20 јени, наоѓајќи се во еден момент на само 105,545 јени, најниското ниво во изминатите 15 месеци.

Доларот значително ослаби и во однос на европската валута, па курсот на еврото скокна за 1,3 проценти на 1,2405 долари, достигнувајќи го во еден момент највисокото ниво во три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП