24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ го совлада Работнички и го освои Купот на Македонија

МЗТ го совлада Работнички и го освои Купот на Македонија

МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија откако синоќа во финалето го совлада Работнички со 67:76.

Актуелниот шампион по една година го враќа куп-трофејот во „Јане Сандански“ . Со оваа победа, „металците“ се израмнија со вкупниот број на освоени куп-трофеи – девет со Работнички.

Натпреварот кој беше неизвесен докрај ги оправда очекувањата за „вечното дерби“ и финале на Купот.

Финалето изобилуваше со резултатски пресврти, атрактивни потези, но и немили сцени на трибините во салата од страна на навивачките групи.

Иако МЗТ подобро го одигра првото полувреме тоа не го капитализираше со поголема предност и на паузата замина со два поени разлика (33:31).

Во третиот период кошаркарите на Марин Докузовски со пет поени во низа го презедоа водството, но во финишот МЗТ повторно да се одвои на плус осум (54:46) пред влезот во решавачките десет минути.

Во последната четвртина „штрковите“ имаа постојано водство и покрај борбеноста на Работнички, заслужено победија.

Бојан Трајковски со 18 поени беше најефикасен кај МЗТ, а Дарко Соколов реализираше 17 поени, додека Дамјан Стојановски заврши со 15 поени.

Најдобар кај Работнички беше Димитар Мираковски со 24 поени, а Ѓорѓи Чековски реализираше со 15 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП