28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТимот на Леброн триумфираше во натпреварот на ѕвездите (ВИДЕО)

Тимот на Леброн триумфираше во натпреварот на ѕвездите (ВИДЕО)

Тимот на Леброн Џејмс го победи оној на Стеф Кари со 148:145, во првиот натпревар на ѕвездите, кој се одржа под променет формат, откако беше донесена одлука да се промени традиционалната поделба на Исток и Запад.

Натпреварот понуди доста поголема неизвесност отколку во последните дуели и тимовите вложуваа сериозни напори во одбраната, што во поголема мера важеше за Леброн, откако тимот израмни и 15 поени заостанување во втората четвртина. Атрактивни моменти природно не недостасуваа.

Потоа дуелот остана изедначен, иако поголемиот дел од времето предност имаа кошаркарите на Кари, кои во средината на последната четвртина водеа дури со 13 поени разлика (133: 120).

Меѓутоа, следеше серија за кошаркарите на Леброн, кој ги поведе своите при важни акции, вклучувајќи ги и последните неколку секунди кога се дојде и до пресвртот. При последната акција, Џејмс и Дјурант ги затворија Кари и Дерозен во аголот и не можеа да упатат удар навремено.

Леброн Џејмс заврши со 29 поени, 10 скока и осум асистенции и по трет пат во кариерата по 2006 и 2008 беше избран за најкорисен играч на дуелот. За тимот на Стеф по 21 поен постигнаа Дерозен и Демиен Лилард, додека Џоел Ембид постигна 19.

Тим Леброн – Тим Стеф 148:145 (31:42, 45:36, 33:34, 39:33)

Тим Леброн: Дејвис 12, Џејмс 29, Дурант 19, Вестбрук 11, Ирвинг 13 (Олдриџ, Џорџ 16, Драмонд 14, Вокер 11, Драгиќ 2, Оладипо 7, Биел 14)

Тим Стеф: Антетокумпо 16, Ембид 19, Кари 11, Харден 12, Дерозен 21 (Хорфорд 6, Грин 3, Таунс 17, Лари 4, Лилард 21, Томпсон 15, Батлер).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП