Австрискиот скијач Марсел Хиршер триумфираше на трката во велеслалом на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Тој до златниот медал стигна за време од две минути, 18 секунди и четири стотинки.
Втор трката ја заврши Хенрик Кристоферсен од Норвешка, додека третопласиран беше Французинот Алекси Пинтуро.
Ова е второ злато за Хиршер на игрите во Пјонгчанг, откако претходно победи и во алпска комбинација.