29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Allianz „настрада“ поради даночната реформа во САД и слабиот долар

Профитот на Allianz „настрада“ поради даночната реформа во САД и слабиот долар

Германскиот осигурител „Allianz“ забележа пад на нето добивката од 22% за четвртиот квартал од 2017-та година поради даночната реформа во САД, слабиот долар, други еднократни ефекти и природни катастрофи, соопштува „Ројтерс“.

Профитот од 1,43 милијарди евра беше помал од очекуваниот. Аналитичарите предвидуваа нето профит од 1.587 милијарди евра, според анкетата на „Ројтерс“.

За целата година „Allianz“ објави оперативен профит од 11,1 милијарди евра, што одговара на очекувањата на аналитичарите за 11,04 милијарди евра и на сопствената цел на компанијата.

„Групата ги исполни целите за резултатите, го задржи исклучителното ниво на капитална моќ и врати 3 милијарди евра на акционерите преку откуп во 2017-та година“, изјави главниот извршен директор на „Allianz“, Оливер Бете. „„Allianz“, исто така, направи некои важни стратешки чекори“, додава тој.

Минатата година осигурителните компании мораа да исплатат отштета за околу 135 милијарди долари – најголемата сума во историјата, поради серијата урагани, земјотреси и пожари во Северна Америка.

Серијата од природни катастрофи ја потресе осигурителната индустрија по години слаби загуби, додавајќи притисокот од ниските цени поради жестоката конкуренција и ниските каматни стапки.

Во ноември, „Allianz“ предвиде оперативен профит во „горната половина“ на нејзината целна група помеѓу 10,3 и 11,3 милијарди евра.

Од „Allianz“ рекоа дека нејзиниот комбиниран сооднос, внимателно следениот коефициент на цена-до-приходи, се зголеми за 0,9 процентни поени на 95,2% во 2017-та година за Одделението за недвижности и несреќи.

Бете рече дека целта на „Allianz“ е да го намали комбинираниот сооднос на 94% до крајот на 2018-та година.

Во четвртиот квартал, „Allianz“ имаше такса од 210 милиони евра од продажбата на „Олденбуршката Ландесбанка“.

Промените во даночната реформа во САД ја чинеше компанијата профит за околу 100 милиони евра во 2017-та година, но на крајот тие ќе го зголемат нејзиниот годишен профит за оваа година со околу 300 милиони евра, додаде „Allianz“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП