20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСледниот премиум телефон на LG ќе пристигне во јуни

Следниот премиум телефон на LG ќе пристигне во јуни

Со оглед на тоа дека „LG G6“ е претставен за време на минатогодишниот„ MWC“, за очекување беше јужнокорејската компанија и оваа година во Барселона да го претстави неговиот наследник – моделот „G7“. Меѓутоа, ова нема да се случи затоа што од „LG“ одлучија да ја променат својата стратегија за претставување на телефони, па така за време на „MWC“ ќе добиеме само подобрена верзија на „V30“ моделот.

Следниот вистински премиум телефон од компанијата „LG“ ќе пристигне во јуни, според најновите информации на „Evan Blass“ (@evleaks). Уредот нема да го има името „G7“, a моментално е само познат по кодното име „Judy“.

Телефонот ќе има чипсет „Snapdragon 845“, 4GB RAM и 64GB меморија, иако „Plus“ или „S“ моделите би можеле да стигнат и со 6GB RAM/128GB меморија. „Judy“ ќе има 6.1-инчен, „HDR10“ елрам со 18:9 однос и осветлување од 800 нита. Oва ќе биде благодарејќи на новата „MLCD+“ дисплеј технологија, која троши околу 35% помалку од стандардните „IPS LCD“ екрани.

Моделот на задната страна ќе има две камери со 16MP сензори и f/1.6 oтвор на блендата на двата објективи. Тука е и „IP68“ сертификатото, како и војниот стандард на издржливост. Меѓу останатите карактеристики се вклучени и „AI“ камерата и бежичното полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП