25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПо напорниот тренинг вратете си ја енергијата со овој вкусен домашен детокс...

По напорниот тренинг вратете си ја енергијата со овој вкусен домашен детокс шејк

Направете го овој моќен напиток и ослободете се од токисните…

Прочитајте како да направите детокс напиток на база на бадемово млеко кој лесно се вари и му обезбедува на организмот дополнителна количина на енергија. Наместо бадеми можете да користите и лешници, ореви или семки од кајсии. Предноста на овој шејк е тоа што лесно можете да го претворите во комплетен оброк доколку додадете повеќе свежо овошје. Во лето ставете и неколку коцки мраз за целосно уживање.

Состојки

– 100 гр бадеми

– 2 лажици мелено ленено семе

– 2 лажици мед

– 2 лажици мелен сусам

– 1 лажица сецкани вишни или некое друго овошје по желба

– половина лажица мелен коријандер

– половина банана

– 1 јаболко

Подготовка:

Оставете ги бадемите преку ноќ во вода. Утрото и бадемите и водата ставете ги во блендер и додадете околу половина шишенце обична вода и мешајте. После една минута ќе добиете млеко од бадеми кое можете да го процедите, но подобро да не го правите тоа со цел сите хранливи состојки да останат внатре.

Потоа додадете ги сите состојки од листата и уживајте во вкусниот и здрав напиток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП