18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМендеш му помага на Јуве за Фабињо

Мендеш му помага на Јуве за Фабињо

Италијанскиот гигант Јувентус вложува сериозни напори за да се засили со фудбалерот на Монако Фабињо.

Според „Mundo Deportivo“, во моментов од сите клубови кои се во „трката“ за потписот на Бразилецот, фаворити се имено само „бјанконерите“. Тие се потпираат и на добрите врски со агентот Хорхе Мендеш, за успешно да ги реализираат преговорите со Монако.

Фабињо не крие дека планира да го напушти Монако во текот на летото. 24-годишниот фудбалер, кој може да дејствува и во средината на теренот, и како десен бек, е поврзуван со Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, но во Јувентус веруваат дека ќе го убедат да ја прифати нивната понуда. Идејата на гигантот од Торино е Фабињо да соработува во средниот ред со Емре Џан, кој исто така изгледа дека е сигурно ново засилување на „старата дама“.

„Моето време во Монако е готово. Дојдов целосно непознат, направив име и ја освоив титулата во Франција. Сега е време за нов предизвик“, изјави неодамна Бразилецот.

Тој одигра 24 натпревари и постигна 5 гола во Лига 1 од почетокот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП