20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто сме поефикасни кога имаме повеќе обврски

Зошто сме поефикасни кога имаме повеќе обврски

Ако имате премногу обврски и растегнати сте на повеќе страни, стравот дали ќе успеете се да постигнете е главно неизбежен. Меѓутоа, научниците откриваат дека лицата со повеќе обврски веројатно подобро и поефикасно ги обавуваат своите задачи.

Дали некогаш сте се запрашале – како е можно одлично да излегувате на крај со обврските тогаш кога ги имате премногу? Од друга страна, ако пред вас е само една задача, ја одложувате до бескрај… Одговорот го даваат психолозите.

Забрзаниот живот во 21 век не „меле“, но научните докажаа дека колку повеќе обврски имаме, толку поефикасно ќе ги обавиме. И затоа, не бегајте од новите задачи, бидејќи така ќе стигнете да го сработите и старото и новото. Исто така, ако ви е потребна некоја услуга, обратете и се на некоја презафатена личност, бидејќи многу е поголема веројатноста дека таа ќе ви излезе во пресрет повеќе од онаа со помалку обврски.

Психолозите велат дека луѓето кои имаат многу работни обврски немаат навика да ги одложуваат обврските, подобро се организираат и научиле да се носат со негативните емоции и ненадејните ситуации. Освен тоа, многу побрзо ги извршуваат задачите од оние кои го имаат целото време на овој свет.

Лицата со малку обврски секогаш одолговлекуваат, а потоа драматизираат кога ќе го пробијат рокот, додека зафатените знаат како да се изборат со негативните емоции, ги решаваат проблемите и наоѓаат излез од проблематичните ситуации, тоа е логично бидејќи овие лица почесто работат, имаат поголемо искуство и едноствано се навикнати толку да работат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП