28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШеста по ред сесија на раст на Dow и S&P 500

Шеста по ред сесија на раст на Dow и S&P 500

Американските акции запишаа претежно зголемување во петокот, откако ја завршија шестата по ред сесија на раст и ја забележаа најдобрата недела во последните пет години, соопшти „CNBC“.

Но страстите беа оладени, откако 13 Руси и три руски правни лица беа обвинети вчера како соучесници во заговорот за мешање во претседателските избори во САД во 2016-та година.

Сепак, пазарот се стабилизира.

Главниот показател „Dow Jones“ придодаде 19,01 поени на својата вредност до 25.219,38 поени, откако „Pfizer“ беше најдобро претставената компанија во индексот. „Dow“, исто така, ја забележа шестата последователна сесија на раст. На највисоката точка на сесијата тој додаде повеќе од 232 поени, но не успеа да ги задржи.

Широкиот индекс „S&P 500“ за само неколку минути, сепак го смени правецот неколку пати по почетокот на седницата, додека успеа да се задржи на плус од 0,04% до 2.732,22 поени. И за него ова е шеста последователна сесија на раст. Комуналните услуги и здравствената заштита беа меѓу најдобрите сектори.

Технолошкиот „Nasdaq“ не успеа да забележи раст, затворајќи ја сесијата со пад од 0,2 отсто на 7.239,47 поени откако претходно се зголеми за 0,7 отсто.

Индексите во Њујорк ја затворија претходната сесија со стабилен нагорен тренд, што се од корекционите нивоа од минатата недела, кога беа избришани околу 10% од историски максимуми забележани во јануари.

Аналитичарите и трговците велат дека остриот пораст на приносите од американските државни обврзници е главен катализатор за минатата продажба. Но, со оглед дека нивниот принос достигнал високо ниво од пред 4 години и се зголемуваат индексите, тоа значи дека „Вол Стрит“ брзо ги потресе своите стравови.

Во петокот беа објавени и позитивни податоци за американската економија, според кои изградбата на нови домови во САД се зголемува во јануари до највисокото ниво од октомври 2016-та година.

Градежни претприемачи покажуваат знаци дека планираат да ја засилат изградбата подоцна во оваа година. Бројот на градежни дозволи се зголеми за 7,4% во минатиот месец до годишна стапка од 1.396 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП