19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои треба да ги избегнувате за појадок

Намирници кои треба да ги избегнувате за појадок

Дали сте знаеле дека постојат неколку лоши оброци за појадок кои можат повеќе да ви наштетат отколку да ви бидат од корист?

Обидете се следните намирници да ги исфрлите од вашето мени за појадок уште веднаш:

1. Сланина – содржи висок процент на заситени масти и холестерол и често е силно процесуирана со нитрати од кои може да ви се појави главоболка.

2. Пецива со сирење или путер – празни јаглени хидрати со многу малку нутритивни вредности како влакна, протеини, цели зрна итн…

3. Енергетски плочки – шеќер и калории, енергетските плочки ви доаѓаат исто како да јадете чоколадо за појадок.

4. Чоколадни намази – не содржат нутритивни вредности.

5. Сок од портокали – тука мислиме на готовите, купечки сокови во тетрапак кои се полни со конзерванси и процесуирани шеќери.

6. Мусли – житарките без влакна и протеини се уште еден извор на празни калории, а поради додатокот на шеќер ви го зголемуваат шеќерот во крвта и многу брзо ќе почуствувате глад.

7. Крофни – еден од најлошите можни избори за појадок: чисти јаглени хидрати, шеќер, длабоко пржење…сето тоа се крофните.

8. Кафе за носење – додатоците во „fancy“ кафињата како шлагот, чоколадните преливи и сирупите со вкус го претвораат вашето утринско кафе во калориска бомба.

9. Купечка гранола – гранолата од продавница е обично полна со сокриени шеќери кои се лош избор за појадок.

10. Палачинки – палачинките од бело брашно, мастите како путерот и шеќерот ќе ви го зголемат шеќерот во крвта и многу брзо ќе почувствувате глад – а тоа не е никаква опција за појадок.

11. Леб – истото важи и за мафините или било кои други слатки и пекарски производи, ако не знаете што точно има во нив – избегнете ги.

12. Мафини – многу ретко ќе пронајдете здрав мафин, освен ако не го подготвите сами.

13. Вафли – вафлите немаат никаква нутритивна вредност. Ако ги правите сами користете цели зрна житарки и избегнувајте го шеќерот кој всушност им е главна состојка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП