28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден јануари за VW благодарение на продажбата во Кина

Рекорден јануари за VW благодарение на продажбата во Кина

Германската автомобилска компанија „Volkswagen“ вели дека забележала најдобра јануарска продажба некогаш, поголема за 10 проценти во однос на 2017 година, благодарение на закрепнувањето на побарувачката во Бразил и Русија и продолжувањето на силните перформанси во Кина.

„Volkswagen“ соопшти дека во јануари продал 898,700 автомобили во споредба до 816,100 единици во истиот месец минатата година, пренесува агенцијата АП.

Продажбата во Кина, која е најголемиот одделен пазар на оваа компанија, скокна за 16 проценти на 398,600 единици. На помалиот, бразилски пазар е забележан раст на продажбата од 45 проценти, а во Русија од 21 процент.

Главниот бренд на производители на автомобили од Волфсбург „Volkswagen“ оствари раст на продажбата на глобално ниво од 7,0 проценти, додека неговата фабрика за луксузни автомобили „Audi“ забележа раст на продажбата од 20 проценти. Останатите брендови на „Volkswagen“, ги вклучуваат „Porsche“, „Seat“ и „Škodа“, како и производителите на камиони „MAN“ и „Scaniа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП