25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Немаме веќе што да продаваме

Медведев: Немаме веќе што да продаваме

Руската економија во голема мера е приватизирана, и не останаа многу активи за продажба, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

„Не ни остана многу за приватизација, бидејќи во голема мера ја приватизиравме економијата, но имаме приватизациони планови и за оваа година“, изјави Медведев на пленарната седница на Рускиот инвестициси форум во Сочи.

Според неговите зборови, макроекономската ситуација во Русија е стабилна, БДП започнал да расте, а овогодишниот буџет можеби ќе биде во суфицит.

„Обезбедивме макроекономска стабилност. Дури и под санкции, нашата економија стана помалку зависна од надворешните шокови и цените на сировините“, изјави Медведев.

Укажа на рекордно ниската инфлација од 2,5 проценти во 2017 година, стабилноста на финансискиот систем и курсот на рубљата. Додаде и дека државата знае каде треба да ги концентрира своите напори.

„Пред се да создаде стабилни и предвидливи прописи во деловната сфера, да ги зголеми инвестициите и дополнително да ја подобри деловната клима“, порача Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП