23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер стана најстариот тенисер предводник на АТП-листата

Федерер стана најстариот тенисер предводник на АТП-листата

Роџер Федерер стана најстариот тенисер предводник на АТП-листата откако денеска стигна до полуфиналето од отворениот турнир во Ротердам. 36-годишниот Швајцарец славеше со 2:1 против Робин Хасе од Холандија со што го престигне Рафаел Надал на АТП-листата.

Со овој подвиг Федерер го сруши рекордот на Андре Агаси, кој на првата позиција беше со 33 години и 131 ден во 2003 година.

Федерер се искачува на врвот од листата на најдобри тенисери за првпат по октомври 2012 година.

„Кога сте постари ви треба повеќе труд за да сте најдобри“, изјави Федерер по натпреварот.

Агаси беше еден од првите што му честиташе на Швајцарецот. „36 години и 195 дена и продолжува да поставува стандарди. Честитки за извонредното постигнување“, напиша Агаси на „Твитер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП