25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес автобусот со број 50 повторно ќе застанува во ГТЦ

Од денес автобусот со број 50 повторно ќе застанува во ГТЦ

Автобуската станица во Градскиот трговски центар од денеска повторно ќе функционира. Десет украински автобуси со број 50 на ЈПС ќе застануваат на оваа автобуска станица.

Како што информираат од Градот, автобуската линија со број 50 со назив на линија Хиподром – Клинички Центар, во правец кон Клинички центар ќе сообраќа по изменета траса и тоа: по автобуската постојка „МНТ“ на улицата „Филип 2 Македонски“ ќе ја користи постојката во сутеренот на Градски трговски центар, а потоа ќе ја користи автобуската постојка „Центар-Рекорд“.

Во правец од Клинички центар кон Хиподром, автобуската линија број 50 ќе сообраќа по постојната траса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП