23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle го зголемува својот бизнис со Интернет на нештата со нова аквизиција

Google го зголемува својот бизнис со Интернет на нештата со нова аквизиција

Американскиот технолошки гигант „Google“ објави дека ќе го купи „Xively“, една од единиците на „LogMeIn“, зашто сака да ја зголеми продажбата на својот бизнис, кој управува со голем број уреди поврзани со Интернет, според „Bloomberg“.

Интернет компанијата ќе плати 50 милиони долари за„Xively“, која генерира приходи од 3 милиони долари во текот на изминатиот квартал, објави „LogMeIn“ во објавувањето на својот извештај.

Договорот се очекува да биде завршен во првиот квартал и 45-те вработени во „Xively“ да се приклучат на тимот на „Google“.

„Google“ направи серија на мали аквизиции за својата единица за облачни услуги, која се натпреварува со лидерите на пазарот „Amazon.com“ и „Microsoft“. „Xively“ продава софтвер за управување со Интернет уреди, како аларми за чад и многу други.

Договорот може да му помогне на „Google“ да привлече нови корпоративни клиенти, како што се големите производители кои се потпираат на поврзан хардвер и сензори.

Претходно оваа недела Инџонг Ри, еден од директорите на „Samsung Electronics“, објави дека се преселува во „Google“ за да работи на Интернет на нештата поврзани со облачните услуги.

За време на презентацијата на својот најнов финансиски извештај, „Google“ објави дека нејзиниот облачен простор создава 4 милијарди долари годишни приходи од продажбата. Ова вклучува податоци за облак, облак компјутери и софтверски апликации на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП