18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовиот пензиски договор вреден 1,4 милијарди евра го погоди профитот на Air...

Новиот пензиски договор вреден 1,4 милијарди евра го погоди профитот на Air France-KLM

Авиокомпанијата „Air France-KLM“ во своите финансиски резултати од 2017-та година соопшти дека очекува зголемување на приходите од цените на билетите во првиот квартал од оваа година.

Превозникот, исто така, ќе понуди повеќе места за своите правци во Азија и Латинска Америка за да ја исполни посилната побарувачка, иако конкуренцијата од брзите возови влијае врз нејзините перформанси во Франција, објави „Ројтерс“.

Француската авиокомпанија објави оперативен профит од 1,49 милијарди евра – 42 отсто повеќе од претходната година, но малку под просекот на аналитичарите од 1,53 милијарди.

Групата, исто така, објави нето-загуба од 274 милиони евра во 2017-та година поради трошокот од 1,4 милијарди евра поврзани со новиот договор за пензионирањето со пилотите на „KLM“ и екипажот во кабината.

Како и другите европски авиокомпании, „Air France-KLM“ во минатата година има корист од ниските цени на нафтата и силната побарувачка на клиенти, особено по банкротот на „Monarch“ и „Air Berlin“ со што елиминираа дел од конкуренцијата.

Компанијата, исто така, има корист од враќањето на патниците од Азија и Латинска Америка. Таа планира да го зголеми својот капацитет од 3 до 4 отсто во главната патничка мрежа во оваа година.

Главниот финансиски директор Фредерик Гаже рече дека пред-резервацијата за долги летови се зголеми за 1 процентен поен за февруари, за 4 процентни поени за март, тие се намалија за 1 процентен поен во април за Велигден и повторно да се зголеми за 2 процентни поени во мај.

Аналитичарите очекуваат дека „Air France-KLM“ годинава ќе биде под притисок поради зголемените трошоци за гориво и проширувањето на ниските трошоци во Париз и Амстердам. Покрај тоа, компанијата ќе мора да преговара поради зголемените притисоци на трошоците за работна сила, при што синдикатите планираат штрајк на 22-ри февруари, со кој се бара зголемување од 6 отсто.

Гаже додаде дека приходот на локалните единици на Франција се под притисок од новите брзи железнички линии до Бордо, и дека групата внимателно ги следеше случувањата околу новите нискобуџетни играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП