29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул нема да жали пари за да го доведе Бекер

Ливерпул нема да жали пари за да го доведе Бекер

На Ливерпул му недостига квалитетен голман. Симон Мињоле и Лорис Кариус не се на нивото, па менаџерот Јирген Клоп во летниот преоден рок нема да жали пари за нов чувар на мрежата.

Откако го сруши светскиот рекорд за најскап дефанзивец по купувањето на Вирџил ван Дајк, Ливерпул ќе сруши уште еден рекорд за да го доведе Алисон Бекер од Рома.

Бразилскиот голман има откупна клаузула од 80 милиони евра, а „црвените“ се подготвени да ја платат. Алисон пристигна во Рим пред две години, но по кратката аклиматизација во Серија А, сезонава се промовираше во еден од најдобрите голмани во лигата.

Тој е прв избор и во бразилската фудбалска репрезентација, па Ливерпул ќе сака да го комплетира трансферот пред почетокот на Светското првенство во Русија во случај да не му скокне цената и за него да почнат да се интересираат и другите гиганти, како на пример ПСЖ, кој исто така е во потрага по екстра квалитетен голман.

Алисон Бекер најчесто го нарекуваат, „Лионел Меси помеѓу стативите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП