19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi планира SUV кабриолет?

Audi планира SUV кабриолет?

Германскиот производител „Audi“ изгледа има во план да изработи „SUV“ автомобил во кабриолет верзија.

Списанието „Autoguide“ објави скици од патентот на „Audi“ на кои се прикажува „SUV“ модел со единствен механизам за склопување на покривот.

Тој механизам би ја зголемил безбедноста при превртување на автомобили, затоа што делот од покривот се состои од три дела и преклопени ги покрива само задните седишта, додека предните секогаш останува над седиштата на возачот и сувозачот.

Централниот дел од покривот оди во багажникот, додека задниот дел има улога на капак кој го поедноставува процесот на склопување на покривот.

Така се намалува и тежината на возилото и овозможува поголем простор во багажникот. Се шпекулира дека „Audi“ овој патент би можел да го употреби во моделот „Q8“.

Се шпекулира дека „Audi“ го има патентирано овој механизам непосредно откако „Nissan“ го претстави кабриолетот „Murano Cross“, a „Range Rover“ го најави „Evoque“ кабрио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП