25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon создава 2.000 работни места во Франција

Amazon создава 2.000 работни места во Франција

Американскиот гигант во електронската трговија „Amazon“ објави дека ќе создаде 2.000 постојани работни позиции во оваа година во Франција – најголемиот нејзин пазар во Европа по Велика Британија и Германија, пренесува „Ројтерс“.

Зголемувањето ќе го направи нејзиниот вкупен број постојани вработени во Франција на 7.500 лица во 2018-та година. Покрај тоа ја покажува довербата во економијата на земјата, каде што американскиот гигант инвестирал над 2 милијарди долари од 2010-та година, посочуваат од „Amazon“.

Претходно овој месец, „Amazon“ потпиша договор со француските даночни власти, кои сакаа речиси 200 милиони евра од онлајн трговецот.

„Amazon“ ужива стабилен раст во Франција, а во Париз дури ја пушти услугата за експресни испораки „Amazon Prime Now“ уште во 2016-та година. До моментов таа веќе има пет логистички центри во целата земја и планира да отвори огромен магацин на снабдување во оваа година.

Фредерик Дувал, генералениот менаџер на „Amazon“ за Франција, за „Ројтерс“ изјави дека во програмата на „Amazon Prime Now“ ќе бидат вклучени и други француски градови. Сепак, тој не открил дали компанијата планира такво нешто.

Купувањето на „Whole Foods“ во САД од страна на „Amazon“ во минатата година предизвика шпекулации дека технолошката компанија би можела да се насочи кон европскиот пазар за храна во 2018-та година.

Топ трговецот во оваа област во Европа – „Carrefour“, ги објави плановите да скрати 2.400 работни места во Франција, да ги зајакне своите инвестиции во електронска трговија и се насочува кон партнерство со кинеската компанија „Tencent“, во позадина на конкуренцијата од страна на „Amazon“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП