19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗОИ 2018: Ставре Јада го освои 99 место во крос-кантри на 15...

ЗОИ 2018: Ставре Јада го освои 99 место во крос-кантри на 15 км

Македонскиот претставник на ЗОИ во Пјонгчанг, Ставре Јада денеска го освои 99 место од вкупно 119 натпреварувачи на трката на 15 километри крос-кантри.

Нордиецот утрово постави време од 42:14.2 минути.

– Ова е најдобар пласман од досегашните олимпијци кои учествувале во нордиско скијање за Македонија. Ветеното пред Олимпијадата, денеска исполнето, но тука не е крајот, одиме понатаму, напиша Јада на својот Фејсбук профил и се заблагодари до сите кои го поддржуваат.

Потсетуваме дека поради настинка, нашиот репрезентативец не тренираше на последните два тренинзи пред трката.

Златниот медал во оваа дисциплина го освои Дарио Колоња од Швајцарија со време од 33:43.9 минути, а втор заврши Симен Кругер од Норвешка со заостанување од 18,3 секунди, додека третото место му припадна на Денис Спицов од Русија со 23 секунди заостанување од победникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП