24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAvon не ги исполни очекувањата за приходите во последниот квартал од 2017-та

Avon не ги исполни очекувањата за приходите во последниот квартал од 2017-та

Производителот на козметички производи „Avon Products“ објави квартален приход од продажби што беше под очекувањата на аналитичарите. Ова се случило откако помалку клиенти купиле производи од намалената дистрибутивна база на компанијата, објави „Ројтерс“.

Бројот на т.н. „Avon Ladies“ – Претставниците кои продаваат производи од врата до врата од основањето на компанијата во 1886-та година, се намалија за 2% во текот на кварталот.

Според зборовите на извршниот директор на „Avon“, Џејми Вилсон, компанијата продолжува да работи во високо предизвикувачко макроекономско опкружување и под интензивна конкуренција, особено на нејзините најголеми пазари.

Со исклучок на некои еднократни ставки, „Avon“ заработи 12 центи за акција, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите од 7 центи по акција.

Нето добивката на компанијата достигна 91,5 милиони долари или 17 центи по акција, во четвртиот квартал, кој заврши на 31-ви декември. За споредба, една година порано таа генерираше загуба од 10,7 милиони долари или 4 центи по акција.

Резултатите од последниот квартал се поттикнати од 30 милиони долари поврзани со промените во американскиот даночен закон.

Нето приходите од продажбата остана на 1,57 милијарди долари во споредба со претходната година и не се совпадна со прогнозата на аналитичарите од 1,6 милијарди долари, според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП