23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanone објави силни финансиски резултати за 2017-та

Danone објави силни финансиски резултати за 2017-та

Француската група за прехранбени производи „Danone“ изјави дека растот се зголемува во втората половина од годината, претставувајќи ги резултатите за целата 2017-та година, соопштува „Financial Times“.

Производителот на млеката „Activia“ и водата „Erian“ изјави дека споредливите продажби се зголемуваат за 2,5% на годишна основа во 2017-та година до 24,7 милијарди евра, поддржани од раст од 4,2% во шесте месеци до крајот на декември.

Силното претставување на нејзините бизниси за специјализирана исхрана и води го компензира забавувањето на најголемата нејзина поделба – млечни и производи на растителна основа, каде што растот на продажбата останува без промена во 2017-та година.

Приходот по акција се зголеми за 14,2% при постојани девизни курсеви, што одговара на годишните насоки.

„Danone“ се обидува да се репозиционира, за да се прилагоди на новата реалност во прехранбената индустрија, отежната од доцнењето на раст и корисничкиот интерес кон здрави производи. Компанијата ги намалува трошоците, а минатата година го купи „WhiteWave“, американски производител на повисоки квалитетни природни јадења.

Главниот извршен директор Емануел Фабер вели во соопштението: „Во прилог на силните резултати од 2017-та година, таа беше година за подготовка и континуираната трансформација, инкорпорирани со „WhiteWate“, и за лансирање на амбициозната програма за штедење „Protein“ во вредност од 1 милијарди евра“.

Претходно оваа недела „Danone“ соопшти дека ќе продаде две третини од својот удел во јапонскиот производител на пробиотик на млечни производи „Yakult“ – холдинг со пазарна капитализација од околу 189,8 милијарди јени (1,43 милијарди. Долари). Одот цели да помогне за исплата на долгови по аквизицијата на „WhiteWave“.

„Danone“ изјави дека најверојатно ќе ги постигне своите цели за 2020-та година и се очекува двоцифрен раст на добивката по акција во 2018-та година, исклучувајќи ја продажбата на „Yakult“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП