19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOткриено како ќе изгледаат новите Nokia телефони

Oткриено како ќе изгледаат новите Nokia телефони

Понудата на нови модели на некогаш популарниот бренд се појавуваат забрзано. Сега имаме можност како ќе изгледаат новите телефони „Nokia 7 Plus“ и „Nokia 1“.

Новата генерација на „Nokia“ телефони со „Android“ оперативен систем досега ги оправда очекувањата. Се очекува дека и најновиот модел „Nokia 7 Plus“ ќе го пронајде патот до фановите на финскиот бренд.

Слики од новиот модел на телефонот објави Еван Блас кој е познат по откривањето на неофицијални информации. Тој на својот „Twitter“ профил го открил изгледот на моделот „Nokia 7 Plus“ кој ќе биде првиот „Android One“ уред на компанијата „HMD Global“.  Toа значи дека оваа „Nokia“ ќе има чист „Android“ оперативен систем кој ги користат и „Google Pixel“ и „Nexus“ телефоните. Tоа значи дека овој модел, како и „Google“ телефоните, меѓу првите доби подобрување на оперативниот систем.

Врз основа на фотографијата може да се заклучи дека станува збор на квалитетно уреден телефон, исто како својот „постар брат“- „Nokia 8“. Сензорот за отпечаток на прстот се наоѓа под камерата, а видливо е и логото „Android One“. Што се однесува до хардверот, се уште нема многу информации. Се претпоставува дека ќе го има процесорот „Snapdragon 660“ и 4 GB RAM, додека камерата повторно ќе биде „Carl Zeiss“.

За љубителите на старите добри евтини „Nokia“ модели, Блас откри и фотографии од новиот „Nokia 1“ телефон. Станува збор за основен модел кој ќе работи на „Android Go“ системот додека работната меморија ќе биде 512 MB или 1 GB.

Новите модели со сигурност дополнително ќе ја зацврстат позицијата на брендот „Nokia“ кој се покажа како еден од најбрзо растечките во сегментот на мобилни телефони. Според последните информации „Nokia“ телефоните подобро се продавале од „HTC“, „Sony“, „Google“, „Lenovo“ и многу други „Android“ уреди за време на новогодишните празници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП