19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрошоците влијаеле на добивката на Nestle

Трошоците влијаеле на добивката на Nestle

Швајцарската компанија „Nestle“ објави дека таксата задолжена за обезвреднување го притиснала нејзиниот нето профит надолу во 2017-та година и дека ќе ги задржи отворени опциите за својот удел во „L’Oreal“, пренесе „MarketWatch“.

Компанијата за храна и пијалаци соопшти дека нејзината нето добивка била 7,2 милијарди франци (7,72 милијарди долари) во 2017-та година во однос на 8,53 милијарди франци во претходната година. Консензус оценката на аналитичарите, обезбедена од „Nestle“, била за нето добивка од 9,72 милијарди франци.

Нето добивката беше погодена од наплата која главно се однесуваше на нејзиниот бизнис со производи за нега на кожа. Сепак, компанијата понуди дивиденда од 2,35 франци – нешто повисока од минатата година.

Продажбата се зголеми за 0,4 отсто на 89,8 милијарди франци (97 милијарди долари), додека органските продажби се зголемија на 2,4 отсто. Аналитичарите очекуваа продажба од 90,92 милијарди франци и органски раст од 2,6%.

Од „Nestle“ изјавија дека нема да го обноват акционерскиот договор за својот удел од 23,12% во „L’Oreal“ со семејството Бетанкур, која држи мнозински удел во француската компанија. Причината зад одлуката на „Nestle“ e желбата да се задржат сите достапни опции во корист на акционерите на „Nestle“. Компанијата, сепак, рече дека останува посветена на „L’Oreal“ и му верува на менаџментот и стратегијата на компанијата.

„Nestle“, исто така, објави дека ја истражува потенцијалната продажба на својот бизнис „Gerber Life Insurance“.

Швајцарската компанија очекува органски раст на продажбата за 2018-та година помеѓу 2% и 4% и трошоци за реструктуирање во износ од 700 милиони франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП