25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИдеален сок против замор: Се состои од само 3 состојки

Идеален сок против замор: Се состои од само 3 состојки

Намалениот внес на витамини и слабата физичка активност во текот на зимските месеци се само некои од причините за заморot кој со себе најчесто носи и поспаност, омалаксаност и недостаток на енергија.

Ако и вие сте негова жртва, сокот од портокали и лененото масно ќе ви помогнат брзо да ја вратите енергијата. Простите шеќери кои нагло ги внесуваме во организмот со консумирањето на слатки се брзо решение за зголемување на енергијата, кое трае меѓу 15 и 40 минути.

Долготраен резултат ќе ви овозможи токму портокалот во комбинација со лененото масло. Тој е богат со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото е тука да го забави уживањето во овошните шеќери од портокалот во крвотокот и така да обезбеди рамномерно создавање на енергија во траење од неколку часа.

Исто така ќе ви помогне во превенцијата од кардиоваскуларни болести и болести на белите дробови, а медицинските истражувања покажаа дека со редовното користење на ленено масло се намалува и зголемениот крвен притисок.

Нутриционистите препорачуваат да се користи како додаток во исхраната, но без термички обработки бидејќи готвењето на висока температура би ги уништило здравите масти во маслото. Затоа додадете го во готови јадења, сосови, салати и супи.

Сокот од портокал и лененото масло може да се консумира секојдневно, а неговата припрема е брза и едноставна.

Состојки

3 излупени портокали

1 лажица ленено масло

1 децилитар вода

Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Доколку немате блендер, рачно исцедете го сокот од портокалите, во него додадете го маслото и водата и мешајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП