23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗItaldesign ќе пушти кабриолет за 1,5 милиони евра

Italdesign ќе пушти кабриолет за 1,5 милиони евра

Дизајнерската работилница „Italdesign“ делумно го покажа својот нов модел – кабриолет верзијата на суперавтомобилот „Zerouno“. Премиерата на возилото ќе биде во Женевскиот саем во март.

Роудстерот „Italdesign Zerouno“ ќе ги задржи основните стилски решенија кои се користат во купе верзијата, а во техничка смисла меѓу двата автомобили нема да има никаква разлика. Моделот на „Zerouno“ е изграден од карбон, погонот е 4х4, а моторот е 5,2-литарски V10, исто како кај „Lamborghini Huracan“ и „Audi R8 Plus“.

Моќноста на атмосферскиот мотор е 610 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 560 Nm. Моторот му обезбедува на купето 330 км/ч максимална брзина и забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди.

Производството на купето „Zerouno“ е крајно скромно – само 5 примероци, а сите тие се продадени, а цената на еден автомобил е 1,5 милиони евра. Се претпоставува дека конвертибилната верзија ќе биде со иста или малку повисока цена.

Презентацијата на роудстерот „Zerouno“ ќе е дел од одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на „Italdesign“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП