29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајпрактичниот полнач за телефоните на iPhone и Samsung

Најпрактичниот полнач за телефоните на iPhone и Samsung

„ADATA Technology“ го претстави „CW0050“ бежичниот полнач, нова технологија за бежично полнење. Современата мобилна ера придонесе многу телефони, кои може бежично да се полнат, вклучувајќи ги и глобално популарните модели „iPhone 8“ и „iPhone X“, „Galaxy Note 8“, „S8“ или „S7“ i „S7 Еdge“ (меѓ останатите).

„IHS Markit“, компанијата за анализа и истражување на пазарот, проценува дека пазарот на бежични полначи ќе надмине 10 милијарди долари во 2019-та, а дека до 2020-та милијарда паметни телефони ќе поддржуваат бежично полнење. „CW0050“ претставува обид на компанијата „ADATA“ добро дасе позиционира на овој пазар, а уредот го одликува дебелина од само шест милиметри, „WPC Qi“ серфтификат, практичен систем за полнење кој не зависи од ориентацијата, како и минималистички и елегантен дизајн.

Покрај тоа, „CW0050“ е компативилен со цела низа „iOS“ и „Android“ телефони.

Со „CW0050“ не треба да се грижите дали сте го наполниле вашиот телефон или дали имате полнач и кабли кога патувате. Ставете го вашиот телефон на „CW0050“, така да го покрива целото „Qi“ лого, и уредот ќе започне да се полни. Покрај тоа, „CW0050“ може да детектира било кој метален објект (Foreign Object Detection) на својата површина. Нема потреба дури ни да чекате и да се грижите дали вашиот телефон ќе биде поставен во вистинската насока, затоа што „CW0050“ работи во сите насоки.

Овој полнач го доби најригорозниот „Qi“ сертификат, а неговите керамички кондензатори нудат исклучително стабилно снабдување со струја. Неговите перформанси не влијаат на времето, температурата или напонот. Заедно овие фактори го прават „CW0050“ најбезбедна опција за полнење.

Опремен со најновата технологија и креиран за безбедноста во прв план, „CW0050“ користи најквалитетни чипсетови и керамички кондензатори, како и заштитни механизми против прекумерното полнење и празнење, прегревање, краток спој, пренапонски удар и пресилна струја.

Можноста за детекција на други предмети (FOD) значи дека „CW0050“ ќе престане да пренесува струја кога ќе почувствува дека помеѓу него и телефонот се наоѓа метален предмет, со што се спречува прекумерната потрошувачка на струја и ја намалува можноста за прегревање.

Цената на овој полнач ќе биде дополнително објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП