19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави P smart на македонскиот пазар - нов стилски Smartphone...

Huawei го претстави P smart на македонскиот пазар – нов стилски Smartphone за младите корисници(фото)

Huawei пушти во продажба нов модел на македонскиот пазар во почетокот на февруари месец. Смартфонот P smart доаѓа со новиот EMUI 8.0 – оперативниот систем (базиран на Андроид 8.0) и со дизајн фокусиран на својот FullView дисплеј. Со ексклузивен Face Beauty  алгоритам за убавина, gesture shot за слики сликани со гестови и други привлечни функции, оваа стилска серија е создадена посебно за младите корисници.

Може да биде набавен во трговската мрежа на двата мобилни оператори Македонски Телеком и Вип, и во продажните места на Нептун и Сетек. Моделот ќе биде достапен во 3 бои – црна, сина и златна.

FullView: Максимален преглед

Производителите на паметни телефони влегоа во новата ера на дисплеи со целосен преглед. P smart го има истиот модел на дисплеј како и HUAWEI FullView, веќе познат по Mate 10 серијата. Дијагоналата на екранот е 5,65 инчи, има Full HD резолуција и сооднос од 18: 9, погоден за веб прелистување и социјални мрежи, бидејќи овоможува поголема прегледност.

Моделот ги следи одликите на дизајнот на серијата P, се карактеризира со јасна елеганција, мазна површина на задната страна и три антени, вешто скриени на врвот и на дното на металното тело. На тој начин е избегната поделбата на трупот на три дела, истовремено обезбедувајќи стабилна комуникација.

Освен тоа, HUAWEI P smart има уникатен мултитаскинг режим кој овозможува употреба на две апликации во исто време (секако, ова зависи од апликациите од трети лица) и нуди уште повеќе мобилни можности.

Дизајнот базиран на FullView обезбедува поголем екран, но го намалува речиси половина од просторот за антената и RF, што ги предизвика инженерите да изнајдат начин да ја задржат оригинална моќ и сигурност. За таа цел развиена е посебна софистицирана технологија, вклучувајќи решенија како регулирање според големината и позицијата на металниот слот за покривање на батеријата, продолжување на металните делови според антените и други фини подесувања. HUAWEI P smart обезбедува ниво на продуктивност и покрај намалениот простор за речиси 50%. Во исто време, инженерите на компанијата ги идентификуваа оптималните билансни точки на уредот користејќи серија симулации за да спречат пад на веродостојноста.

Smart Face Beauty и Gesture Shot: смартфон камери, кои знаат што барате!

За да ги задоволи барањата на модерните млади корисници, Huawei P smart вклучува двојна задна камера, соодветно со сензори од 13 и 2 мегапиксела. Со неа можете да постигнете чудесен “boké” ефект, а предната селфи камера од своја страна има прекрасен портрет режим. Додете Smart Face Beauty, препознавање на гестови на тастатурата и други функции, и ќе се уверите, овој телефон го нуди токму она, што го бараат денешните динамични корисници.

Со двојната задна камера со 13 MP + 2 MP и двојното замаглување од 16 инчи, P smart овозможува “boké” ефекти на хардверско ниво, кои во комбинација со широкиот зафат, прават извонредни  и импресивни фотографии. Со високи прецизни сензори за фото апарати, и опцијата за откривање на пиксели со висока густина, нова PDAF технологија и HD-камерата од 1.300 Mp може да се фокусираат во реално време, со многу поголема точност и брзина на фокусирање, со што прецизно се фаќаат возбудливите моменти. Оваа серија содржи сопствен графички процесор Hisilicon ISP со зголемена експресија на боите и намалување на , овозможувајќи ви да фотографирате во секое време.

Со цел да се подобри фотографијата сликана во текот на ноќта, HUAWEI P smart содржи пет групи прецизни леќи, за чисти и детални фотографии при слаба осветленост.

HUAWEI P smart доаѓа со 8- мегапикселна предна “beauty” камера, која ja поддржува опцијата за портерт. Преку опцијата за препознавање на лице и портретниот режим, уредот овозможува најпосакувано селфи. Тоа, заедно со типичниот алгоритам за оптимизирање на боите, придонесува за ефекти на разубавување на кожата на различни нивоа. Дополнително, HUAWEI P smart има опција gesture shot – што овозможува корисниците да управуваат со опциите за фотографирање само со гестови со дланката.

Неверојатни кориснички искуства со процесорот EMUI 8.0 плус Кирин 659

Изграден врз подобрена хардверска обработка на обемени информации, EMUI 8.0 е кориснички најпогодниот процесор вграден во HUAWEI досега. Преку комбинација на EMUI 8.0 со Kirin 659 процесорот, HUAWEI P smart интелигентно брзо и вешто учи од навиките на корисникот, точно го предвидува однесувањето на корисникот и фино го подготвува однпаред процесорот за да обезбеди простор за апликацијата која треба да се вклучи во даден момент, овозможувајќи да уживате во непречено корисничко искуство.

Со оглед на болната точка дека паметни телефони со Android оперативен систем работат се побавно со текот на времето, EMUI 8.0 го користи најновиот подобрен систем за обработка на датотеки, кој ја намалува и чисти фрагментацијата на системот тивко, истовремено намалувајќи ја фрагментацијата на датотеката, дозволувајќи вашиот паметен телефон да работи побрзо и полесно. Оваа серија има Kirin 659 процесор направен со селекција на средни и високо-квалитетни чипови кои се карактеризираат со подобри енергетски перформанси. Со i5 мини-јадрото копроцесорот, лесно се мерат информации како чекори, далечина и GPS локација, исто така, со мала потрошувачка вашиот паметен телефон останува перцептивен; тој исто така ги поддржува педачите за да обезбеди HUAWEI P smart интелигентни спортски перформанси.

Безбедно препознавање на отпечатоци, плус подобрена моќност

Стандардната карактеристика на новите паметни телефони, препознавање на отпечатоци од прсти овозможува задоволство, со брзо стартување на уредот. HUAWEI P smart е опремен со решение Fingerprint 4.0, препознавање на отпечаток од прст за 0,3 секунди, стапка на лажно порепознавање (FRR) пониска од 2% и стапка на погрешно препознавање прифаќање (FAR) пониска од 1 / 50,000, што доведува до подобро корисничко искуство од конкуренцијата. Освен тоа, HUAWEI го комбинира препознавањето на отпечатоци со други функции за да развие важни апликации како што се навигација со отпечаток од прст, снимање на отпечаток и деактивирање на аларм со отпечаток од прст, реализирање на побрзо, поинтелигентно корисничко искуство со HUAWEI P smart.

Дополнително, HUAWEI P smart нуди повеќе висококвалитетни, удобни сценарија, како што се разделен екран, телефонски клон, HUAWEI Share и Dual Bluetooth Connections, овозможувајќи ви да уживате во услугите со грижа на добар домаќин.

Долгото траење на батеријата е дел од основната конкурентност на HUAWEI паметните телефони. Со цел да се подобри издржливоста на батеријата на паметни телефони, HUAWEI P smart располага со батерија од 3.000 mAh (типична вредност) која, во комбинација со IntelligentPower технологијата заштедува на енергија 6.0, обезбедувајќи работно време на HUAWEI P smart за еден ден . Во меѓувреме, уредот го поддржува откривањето на апликации кои работат во позадина и трошат енергија во реално време,  со што потрошувачката на енергија значително се заштедува и во голема мера го продолжува животот на батеријата.

За Huawei Consumer BG

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји, и се користат од страна на една третина од населението во светот, што го рангира Huawei трет во светот по испорака на мобилни телефони во 2015. Шестнаесет Центри за Истражување и Развој се сместени во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици и опфаќа паметни телефони, компјутери и таблети, уреди за носење и мрежни услуги. Глобалната мрежа на Huawei е изградена врз 20 години експертиза во телекомуникациската индустрија и е посветена на обезбедување на најновите технолошки достигнувања на потрошувачите ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП