24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW X4 зa 2019-та (фото+видео)

BMW X4 зa 2019-та (фото+видео)

Компанијата „BMW“ официјално ја претстави втората генерација на кросоверот „X4“. Премиерата на моделот пред публика ќе се одржи за време на автомобилскиот саем во Женева во март.

Теренец модел е поголем од својот претходник и тоа значително. Должината е зголемена за 81 мм и достигнува 4752 мм, а широчината е поголема со 37 мм и веќе е 1918 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2864 мм, што е за 37 мм повеќе од онаа на првата генерација на моделот.

Стандардниот волумен на багажникот на „BMW X4“ веќе е 525 литри, а при навалување на задните седишта тој се зголемува до 1430 литри. Кај претходната генерација на кросоверот овие димензии беа соодветно 500 и 1400 литри.

Во конструкцијата на новиот модел е користен повеќе алуминиум, а исто така и челик. Ова овозможува не само зголемување на цврстината, но и намалување на телесната тежина. Разликата во споредба со претходникот достигнува 50 кг. во зависност од модификацијата.

По смената на генерациите се подобрени и аеродинамичките индикатори на „X4“. Благодарение на употребата на активни елементи во решетката на ладилникот, коефициентот на влечење е намален за 10% и сега е 0,30. Во исто време тежиштето е пониско отколку кај новиот „X3“.

Во палетата модификации на „BMW X4“ ќе има две „надуени“ верзии „M Performance“ – „M40i“ и „M40d“. Првата ќе излезе во август, а ќе добие 3,0-литарски бензински турбомотор со 360 КС и 500 Нм вртежен момент. Кај неа забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае 4,8 секунди.

Модификацијата „M40d“ ќе добие 3,0-литарски дизел со 6 цилиндри, кој ќе развива 326 КС и 680 Нм. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај него трае 4,9 секунди. Максималната брзина на двете „надуени“ верзии е ограничена по електронски пат на 250 км/ч.

Овие два автомобила ќе се разликуваат од останатите по подесувањата на суспензијата, на издувниот систем, на сопирачките, како и од страните. За двете спортски верзии е предвиден и заден „M“-диференцијал.

Во палетата мотори на втората генерација на „BMW X4“ влегуваат уште два бензински тубомотори со 4 цилиндри и зафатнина од 2,0 литри. Тие развиваат 184 и 252 КС. Има и два 2,0-литарски дизел мотори – 190 и 231 КС, како и 3.0-литарски дизел со 265 КС. Сите модификации се обновени со систем за погон на сите четири тркала „xDrive“ и со 8-степен автоматски менувач.

Во опременоста на возилото влегуваат „LED“ фарови, проекциски дисплеј, мултимедијален систем со 10,25-инчен екран на допир и управување со гестови, адаптивен круз-контрол, систем за кружен надзор со камери, безкабелен полнач за паметни телефони, три зонска климатизација, панорамски покрив, вентилација на седиштата, како и вграден систем „Microsoft Office 365“, која овозможува добивање на електронска пошта и нанесување на промени во календарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП