20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛавината кај Бигорски пробиена, патот повторно отворен за сообраќај

Лавината кај Бигорски пробиена, патот повторно отворен за сообраќај

Екипи на ,,Македонија пат“, засилени со механизација на други институции и фирми од регионот на Дебар, Жупа и Маврово -Ростуше , напладне ја пробија лавината на патниот правец Маврово – Дебар , која утрото во целост го блокираше патот во близина на Манастирот Свети Јован Бигорски.

Градоначалникот на општина Маврово Ростуште, Медат Куртовски изјави дека втората лавина која се случи утрово околу 5 часот била многу поголема од првата лавина од снег која се случи синока. Тој рече дека сега патот е отворен за сообраќај.

Сепак поради обилните врнежи од снег во текот на вчерашниот ден , во близина на Бензинската пумпа на Макпетрол во Долна Река и понатаму има опасност од нови лавини .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП