Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,801.99 -1.64%    BESK 10,275.00 -3%    GRNT 810.00 -0.06%    KMB 3,389.73 -0.22%    MERM 800.00 -20%    MPT 29,500.63 0%    OKTA 3,620.00 0.56%    RMDEN16 94.90 0.11%    RZUS 139.00 3.73%    SBT 2,041.00 -2.86%    STB 940.85 0.03%    STIL 139.03 -4.1%    TETE 2,286.67 2.27%    TKVS 3,110.00 2.98%    TNB 13,581.59 -0.42%    TPLF 1,649.90 1.35%    TTK 947.00 -2.97%    UNI 2,050.00 0%    

Синдикатот на ЈП „Водовод и канализација“ е против укинувањето на надоместокот за успешност

Време: 14:11

Датум: февруари 14, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Самостојниот синдикат при ЈП „Водовод и канализација“, кој е во состав на Конфедерацијата на слободните синдикати на Македонија (КСС), остро реагира на изјавата на директорот на Јавното претпријатие, Душко Весковски, во која ги искажува своите намери за укинување 10 отсто од платите што се исплаќаат во претпријатието за успешност на вработените.

Од синдикатот наведуваат дека овие 10 отсто произлегуваат од правилникот за плата и надоместоци за плати, како и од колективниот договор уште од формирањето на ова претпријатие во 1992 година.

„Потенцираме дека овие 10 проценти од платата се пресметувани во согласност со правилникот за плати и надоместоци на плати на работно место на ЈП ‘Водовод и канализација’, каде што е утврдено дека платата на работникот е составена од основна плата и дел од плата за работна успешност, односно мотивација или стимул во тековниот месец. Во никој случај не се работи за награда, туку за дел од платата. Овој стимулативен дел од платата им се одзема на оние вработени што не покажале успешност и ефикасност во работата“, се вели во реакцијата на синдикатот.

Од таму наведуваат дека политиката на директорот очигледно не е во насока на подобрување на стандардот на работниците и претходно ветените плати, туку во насока на еднострано прекршување на колективниот договор на штета на работниците.

„Се надеваме дека ваквата изјава на директорот на ЈП ‘Водовод и канализација’ нема да се преточи во одлука и дека сите недоразбирања, конечно, ќе почнат да се решаваат преку социјален дијалог и партнерство, во спротивно синдикатот ќе биде принуден да ги преземе сите легитимни мерки во одбрана на работниците и нивните права“, се вели во реакцијата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонија бара дозвола да извезува свинско месо во ЕУ

    Македонија бара дозвола да извезува свинско месо во ЕУ

    Агенцијата за храна и ветеринарство почна со спроведување активности за добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Во согласност со акциониот…

  • ММФ предупреди за „прегревање“ на турската економија

    ММФ предупреди за „прегревање“ на турската економија

    Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Турција предупреди за можна опасност од „прегревање“ на турската економија поради брзото нејзино обновување. Според ММФ, земјата, исто…

  • По откажувањето на ,,Трансмет”, РЕК Битола распиша нов тендер за ископ на јаловина

    По откажувањето на ,,Трансмет”, РЕК Битола распиша нов тендер за ископ на јаловина

    По откажувањето на ,,Трансмет” од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола, распишан е нов тендер за избор на фирма за ископ и транспорт…

  • 18,7 проценти повеќе патници на македонските аеродроми во првиот месец од годинава

    18,7 проценти повеќе патници на македонските аеродроми во првиот месец од годинава

    Бројот на превезени патници на двата аеродроми во Република Македонија во континуитет бележи раст, информираат од министерството за транспорт и врски. Според објавените податоци, во…

  • Зголемен бројот на нови државни и општински огласи за привремени вработувања

    Зголемен бројот на нови државни и општински огласи за привремени вработувања

    Генералниот секретаријат на Владата на „Бирото за јавни набавки“ вчера објави нов оглас за ангажирање Агенција за привремени вработувања. Станува збор за сума од 10…

  • Хелсиншки: Регистриран голем број на повреди на економските и социјалните права на граѓаните

    Хелсиншки: Регистриран голем број на повреди на економските и социјалните права на граѓаните

    Во земјава се регистрирани голем број на повреди на економските и социјалните права на граѓаните, што се должи на се поголемата сиромаштија во земјата, високиот…

  • Македонија е меѓу просечните земји во ЕУ според бројот на вработени во културниот сектор

    Македонија е меѓу просечните земји во ЕУ според бројот на вработени во културниот сектор

    Според податоците на „Еуростат“, Република Македонија како земја претендент за членство во ЕУ, се најде во рангирањето за вработените во културниот сектор. Нашата земја во…

  • Започна пријавувањето за престижните награди на “Sarajevo Business Bridge Awards 2018”

    Започна пријавувањето за престижните награди на “Sarajevo Business Bridge Awards 2018”

    Сараево Бизнис Форум (СБФ), водечката конференција за инвестиции во Југоисточна Европа, на 25 април ќе ги додели престижните признанија “Sarajevo Business Bridge Awards” на компаниите и…

  • Просечната плата во регионот највисока во Словенија и Хрватска, најниска во Македонија и БиХ

    Просечната плата во регионот највисока во Словенија и Хрватска, најниска во Македонија и БиХ

    Според последните официјални статистички податоци, највисоките просечни плати во регионот се во Словенија и Хрватска, а најниските во Македонија и БиХ. Според последните официјални статистички…

  • Министерот кој се обиде да го забрани биткоинот беше пронајден мртов

    Министерот кој се обиде да го забрани биткоинот беше пронајден мртов

    Јужнокорејскиот владин министер, Јунг Ки-Џон (52), кој работел на програма за регулирање на криптовалутите, беше пронајден мртов. Медиумите известуваат дека наводно тоа е срцев удар.…