29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: Нормализиран сообраќајот на речиси сите патни правци во државата

АМСМ: Нормализиран сообраќајот на речиси сите патни правци во државата

Од АМСМ информираат дека е укината забраната за движење товарни возила на планинскиот превој Стража, на Попова Шапка, на патот Ресен-Охрид преку превојот Буково и на граничниот премин Ќафасан. Сообраќајот е нормализиран и на Ѓавато и Пресека.

Поради снежна лавина на патниот правец Маврово-Дебар, сообраќајот целосно е во прекин од 6 часот. Поради отстранување одрони во близина на селото Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица е во прекин во двата правца. Се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

Според најновите информации, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенцијата на дежурните служби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП