28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајлуксузното од Mercedes: Новиот Maybach S Сlasѕ (фото)

Најлуксузното од Mercedes: Новиот Maybach S Сlasѕ (фото)

Германскиот производител ја подобри својата најлуксузна лимузина за 2018-та година, а забележителната промена се гледа од профил, со оглед дека сега автомобилот е подолг за 254 mm  – вукпната должина е дури 5.461 mm, a меѓуосовинското растојание е 3.365 mm.

Со цел да се нагласи визуелната разлика во однос на стандардната „S Сlasѕ“, новата „Maybach“ верзија доби поразлична маска на ладилникот, која не е карактеристична за останатите „Mercedes“ возила.

Решетката се состои од густо вертикално наредени лајсни, а заджан е амлемот на „Mercedes“ на хаубата и багажникот, додека знакот „Maybach“ е присутен на „C“ столбовите на возилото.

Покрај тоа, отворите за воздух на предниот браник се во металик украсни елементи, а истио материјал е употребен и за задниот дел на автомобилот, на завршните издувни цевки и на долниот дел на браникот.

Зголемените надворешни димензии се одразија и на дополнителниот комфор во кабината, особено за патниците на задните седишта, кои во овие возила вообичаено се сопственици или „VIP“ клиенти.

Уште еден новитет е  двобојната каросерија, при што покривот, но и столбовите, хаубата и багажникот се во еден тон, додека остатокот од екстериерот во друг.

Двобојната каросерија е достапна во девет колоритни комбинации.

„Mercedes-Maybach S Сlasѕ“ може да се нарача во две верзии.

Моделот „S560 4Matic“ за погон користи 4.0-литарски V8 со 469 ks (345 kW) и 700 Nm, додека „S650“ е опремен со 6.0-литарски V12 агрегат кој испорачува 630 коњски сили (463 kW) и дури 1.001 Nm вртежен момент.

Во внатрешноста како и досега се користени најскапите материјали кои се достапни во авто-индустријата, а се е зачинето со многу повеќе амбиентално осветлување отколку претходно.

Новиот „Mercedes-Maybach S Сlasѕ“ ќе има светска премиера на претстојниот авто-саем во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП