Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,932.13 -0.83%    CKB 600.00 15.38%    GRNT 810.50 -1.16%    KMB 3,397.19 2.23%    LOZP 2,400.00 14.29%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,200.00 0.02%    OKTA 3,600.00 -2.7%    RMDEN16 94.80 0%    RZIT 20.00 0%    RZLV 50.00 -5.66%    SLAV 3,600.00 -40.98%    TETE 2,236.02 3.04%    ZPKO 2,812.00 -1.22%    

Amazon го намалува бројот на вработени

Време: 16:21

Датум: февруари 13, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Американската компанија за електронска трговија „Amazon“ ќе отпушти стотици вработени, за да го насочи вниманието кон оние области од својот бизнис, кои бележат раст, пишува „CNBC“.

„Ѕeattle Times“ потенцираше дека „Amazon“ ослободува стотици вработени, додека ги консолидира своите операции со трговија на мало.

Извор запознаен со предметот, тврди дека отпуштањата се концентрирани во седиштето на „Amazon“ во Сиетл и ќе влијае на дел од вработените низ светот. Отпуштањата се во бизнисот на трговија на мало, кој ги вклучува единиците за книги, играчки и храна, на тој начин ќе се овозможи вработување на повеќе луѓе во области кои растат, како „Alexa“, „Amazon Web Services“ и дигиталната забава. Изјавата на главниот извршен директор Џеф Безос при објавувањето на последниот извештај на компанијата вклучуваше барање дека „Amazon“ ќе се насочи кон „Alexa“.

Иако „Amazon“ одржува илјадници работни места, отпуштањата се во остар контраст со значителната нејзина експанзија од последните неколку години. Таа создаде 130.000 работни места во светот во минатата година, без да ги вклучуваме речиси 90.000-те кои се додадени со купувањето на „Whole Foods“. Таа има речиси 4.000 корпоративни работни места во моментов во Сиетл и 12.000 во светот.

„Како дел од нашиот процес на годишно планирање, правиме корекција во бројот на вработените во компанијата – мали намалувања на неколку места и агресивно вработување на многу други“, изјави еден од портпаролите на „Amazon“. „Ние работиме за засегнатите вработени да се најдат места за нив во области каде што ги вработуваме“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Јапонската технолошка компанија „Nintendo“ се соочува со повици од страна на нејзините инвеститори да направи поделба на акциите и да ја прошири својата база од…

  • Alibaba и Tencent водат агресивна битка за сојузници во трговијата на мало

    Alibaba и Tencent водат агресивна битка за сојузници во трговијата на мало

    Кинеските технолошки гиганти „Alibaba Group Holding“ и „Tencent Holdings“ кои имаат вкупна пазарна вредност, еднаква на 1.000 милијарди долари, не запираат со серијата од инвестиции…

  • Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

    Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

    Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности, а во согласност со добро познатото мото на компанијата, “Повеќе за вас”, Вип…

  • „Кит Кет“ на „Нестле“ прогласена за најдобра чоколада во светот

    „Кит Кет“ на „Нестле“ прогласена за најдобра чоколада во светот

    Чоколадата „Кит Кет“ на светски познатиот бренд „Нестле“, е прогласена за најдобра во светот, според интернет анкетата во која учествуваа повеќе од 100.000 луѓе, наведува…

  • Објавен Конкурсот за стипендии на Семос Академија на тема „Звукот на градот“

    Објавен Конкурсот за стипендии на Семос Академија на тема „Звукот на градот“

    Семос Академија распиша Конкурс за доделување стипендии на тема „Звукот на градот“ за академската 2018/2019 година за образовните профили Графички дизајнер и Веб дизајнер. Конкурсот…

  • GE го продава бизнисот со расветни тела

    GE го продава бизнисот со расветни тела

    Американскиот индустриски гигант „General Electric – GE“ постигна договор за продажба на бизнисот со расветни тела во Европа, на Блискиот исток, како и Африка и…

  • Amazon ќе плати парична казна за 4.000 прекршувања на законот

    Amazon ќе плати парична казна за 4.000 прекршувања на законот

    Американската компанија за е-трговија „ Amazon.com“ ќе исплати 1,2 милиони долари за да стави крај на судскиот процес во кој е обвинета за речиси 4.000…

  • „Кока Кола“ прокнижи загуба од 2,76 милијарди долари

    „Кока Кола“ прокнижи загуба од 2,76 милијарди долари

    Американската компанија „Кока Кола“ соопшти дека во четвртиот квартал од минатата година остварила загуба од 2,76 милијарди долари, како резултат на зголемните даночни обврски. Во…

  • Профитот на Allianz „настрада“ поради даночната реформа во САД и слабиот долар

    Профитот на Allianz „настрада“ поради даночната реформа во САД и слабиот долар

    Германскиот осигурител „Allianz“ забележа пад на нето добивката од 22% за четвртиот квартал од 2017-та година поради даночната реформа во САД, слабиот долар, други еднократни…

  • Сорос ги продаде акциите во Apple и Facebook

    Сорос ги продаде акциите во Apple и Facebook

    Нема и ни четири недели, откако инвеститорот Џорџ Сорос силно ги критикуваше во рамките на економскиот форум во Давос технолошките компании „Facebook“ и „Google“, и…