19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа новата реколта тутунарите ќе добијат поголеми субвенции

За новата реколта тутунарите ќе добијат поголеми субвенции

Владата на денешната седница во уредбата за директни плаќања за 2018 година ја дефинира висината на субвенциите за килограм предаден тутун. Со уредбата, почнувајќи од реколтата 2017 година, тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции. Направивме измени во висината на субвенциите, со што директно стимулираме производство на квалитетен тутун.

Конкретно, воведуваме субвенционирање во три нивоа, и тоа:
– субвенцијата за прва класа тутун ќе изнесува 80 денари за килограм, што е прво ниво;
– за втора класа обезбедуваме 70 денари, што е второ ниво;
– третото ниво на субвенционирање изнесува 60 денари за килограм и важи за трета и четврта класа, како за двете дополнителни класи.

„Уште еднаш ќе потенцирам дека на овој начин ќе ги мотивираме тутунарите не само да го зголемат производството на тутун туку и да се насочат кон производство на поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Нашите идни политики се во насока на развој на тутунопроизводството, кои ќе ги реализираме не само преку зголемените субвенции за тутунот туку и преку измените во новиот закон за тутун и тутунски производи.

Со новиот закон, кој е веќе подготвен и очекуваме да биде донесен набргу, ќе се укине поднесувањето евидентни листови. Тутунарите директно ќе склучуваат договори со откупните претпријатија. На овој начин им ја олеснуваме административната процедура за склучување на договорите за производство.

Реколтата 2017 е една од најдобрите споредено со изминатите години. Откупот финишира, се постигна највисока просечна откупна цена, тутунот беше со одличен квалитет, што се должи на погодните временски услови. Речиси и да немаше четврта класа на тутун. Се надевам дека и оваа година временските услови ќе ни бидат наклонети за да се постигне квалитетно производство. Досега се откупни повеќе од 23,5 милиони килограми по просечна цена од 217,5 денари за килограм.

Во согласност со откупната цена по класи, вкупната исплатена сума кон тутунарите ќе биде над 80 милиони евра. Со зголемените субвенции ќе им бидат исплатени околу 28 милиони евра исплатени на име субвенции, што значи дека реколтата 2017 година на 23.000 семејства им обезбедува приход од 100 милиони евра.

Во тек е склучувањето на новите договори за реколтата 2018 година и годинава очекуваме зголемување на бројот на склучени договори поради високата откупна цена и интересот на откупувачите.

Како Влада остануваме фокусирани на развојот на тутунопроизводството, од што егзистираат повеќе од 23.000 тутунарски семејства. Нашите идни политики за оваа култура ќе бидат во насока на обезбедување сигурност на производството и непречен откуп.

Во таа насока би сакал да порачам дека не само државата туку во целиот процес на обезбедување сигурен откуп и производство треба да учествуваат и откупните компании, што ќе влијае врз одржливоста и зголемувањето на производството и квалитетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП