25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗG-Class доби „надуена“ верзија (фото+видео)

G-Class доби „надуена“ верзија (фото+видео)

„Mercedes-Benz“ ја претстави „надуената“ верзија на новата генерација на „G-Class“. Модификацијата „G 63“ доби нов мотор и е скоро една секунда побрз од својот претходник во забрзувањето од 0 до 100 км/ч.

„Mercedes-AMG G 63“ е базиран на 4.0-литарски би-турбо V8 мотор со систем за исклучување на 4 од цилиндрите. Моторот развива моќност од 585 КС. и 850 Nm вртежен момент, достапен во опсегот 2500-3500 вртежи во минута.

Моторот работи во комбинација со 9-брзински автоматски менувач, каде што брзините може да се менуваат од воланот. Оваа енергетска единица го замени претходниот 5.5-литарски би-турбо V8 со моќност од 571 КС.

Машината забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,5 секунди, што е 0,9 секунди побрзо од неговиот претходник. Максималната брзина е 220 км/ч, а со дополнителниот спортски пакет „AMG Driver“ може да се зголеми до 240 км/ч. Потрошувачката на гориво, објавена од производителот, изнесува 13,2 л/100 км. За споредба, старата верзија имаше потрошувачка од 13,8 л/100 км.

Како и стандардниот „Glendevagen“ прикажан претходно во оваа година, „надуената“ верзија има адаптивна суспензија и погон на четири тркала со зголемен број на брзини за намалување (од 2.1 до 2.93). Постојат и 3 нови контролни електронски режими при возење на тежок терен – „Sand“, „Trail“ и „Rock“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП