Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,932.13 -0.83%    CKB 600.00 15.38%    GRNT 810.50 -1.16%    KMB 3,397.19 2.23%    LOZP 2,400.00 14.29%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,200.00 0.02%    OKTA 3,600.00 -2.7%    RMDEN16 94.80 0%    RZIT 20.00 0%    RZLV 50.00 -5.66%    SLAV 3,600.00 -40.98%    TETE 2,236.02 3.04%    ZPKO 2,812.00 -1.22%    

СОНК реагира за распределбата на пари за проекти од културата

Време: 15:22

Датум: февруари 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) денеска реагира за расределбата на средствата од буџетот на Република Македонија, преку Министерството за култура на име за проекти, на кои конкурираат организации од граѓанскиот сектор. Исто така синдикалците бараат и продолжување на преговорите за потпишување на Колективниот договор.

Во соопштението, СОНК реагира на, како што се наведува, нефукционалното трошење државни пари, обезбедени преку Министерството за култура за дел од проектите кои со ништо не ја отсликуваат, презентираат или воздигнуваат културата во Република Македонија. Според СОНК, дел од проектите се сомнителни во оправданоста да бидат одобрени преку Министерството за култура, како и проекти кои се поднесени од членови на комисии и кои одлучуваат за доделување на средства за туѓи, но и за свои апликации.

„Огромно е разочарувањето кај културните работници кои се вработени во установите од културата, а кои реално се едни од најслабо платените работници во јавниот сектор и очигледно се заборавени од страна на државата. Се чини дека Министерството за култура не е заинтересирано да го потпише и имплементира Колективниот договор за култура, со тоа и да се надмине проблемот со различните плати во оваа дејност, воедно и да се подигне висината на платите на ниво со кое што на културните работници ќе им се врати достоинството на нивната професијата“, стои во соопштението.

СОНК апелира до Министерството итно да продолжат преговорите за потпишување на Колективниот договор, како и обезбедување на средства за негова имплементација.

„Во спротивно на сите ќе ни биде јасно дека државата нема интерес за подигнување на социјалниот статус и мотивираноста на работниците во една од најзначајните дејности во државата, што е обележје на вековното постоење и културно воздигнување на народите што живеат во Република Македонија, се наведува во соопштението од СОНК“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Анѓушев: Има добар предлог за транспортерите на „Фени“

    Анѓушев: Има добар предлог за транспортерите на „Фени“

    Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека транспортерите на „Фени“ и закупецот на комбинатот, швајцарската компанија „Џи Сол“, ќе успеат да најдат заедничко решение…

  • Од светските резерви на злато 78% се сопственост на 20 земји

    Од светските резерви на злато 78% се сопственост на 20 земји

    20 земји имаат 78,23% од светските резерви на злато, а вкупно 33 земји имаат повеќе од 100 тони од овој благороден метал. Последните податоци од…

  • Извозот на Јапонија ја забележа најдолгата експанзија од пред 30 години

    Извозот на Јапонија ја забележа најдолгата експанзија од пред 30 години

    Извозот на Јапонија расте за 14-ти месец по ред, благодарение на сериозното раздвижување кај хибридните автомобили и полупроводниците, соопштува „Ројтерс“. Ова и помага на земјата…

  • Карпош ќе им помага на младите да изберат кој факултет ќе го запишат

    Карпош ќе им помага на младите да изберат кој факултет ќе го запишат

    Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе почне да се спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing. По…

  • Пазар на труд: над 200 илјади невработени и скоро 9 илјади слободни позиции

    Пазар на труд: над 200 илјади невработени и скоро 9 илјади слободни позиции

    Компаниите се жалат дека не можат да најдат квалификуван кадар, невработените дека не можат да најдат соодветна позиција. Ова е акутниот проблем на македонскиот пазар…

  • Биткоинот над 11.000 долари за прв пат од јануари

    Биткоинот над 11.000 долари за прв пат од јануари

    Биткоинот го мина нивото од 11.000 долари за прв пат од јануари, а цената на криптовалутата продолжува благо да се зголемува по сериозните падови од…

  • Од полноќ цената на горивата се намалува за 2,5 денари по литар

    Од полноќ цената на горивата се намалува за 2,5 денари по литар

    Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши…

  • Најавен е нов закон за буџети до крајот на годинава

    Најавен е нов закон за буџети до крајот на годинава

    Нов ревидиран закон за буџети до крајот на годинава, со кој буџетите ќе се планираат во среднорочна рамка и ќе се создадат услови за воведување…

  • Централен регистар: Прием на годишни сметки и извештаи ќе се врши и в сабота

    Централен регистар: Прием на годишни сметки и извештаи ќе се врши и в сабота

    Централниот регистар на Република Македонија ги известува сите обврзници за поднесување годишни сметки дека прием на годишни сметки и финансиски извештаи за минатата година ќе…

  • Транспортерите за „Фени“ го блокираа патот Прилеп – Градско, бараат исплата на долговите

    Транспортерите за „Фени“ го блокираа патот Прилеп – Градско, бараат исплата на долговите

    Транспортерите ангажирани од „Нова логистик“ кои вршеле превоз за потребните на „Фени“ со камиони два часа го блокираа патот Градско – Прилеп, кај мотелот „Дреново“.…